Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде се наоѓа најдоброто чоколадо во светот?

Кој од нас нема чоколадна опсесија? Тешко е да се замисли ден без неколку коцки вкусно чоколадо, кое се топи во устата и ни развлекува насмевка на лицата.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-001.jpg

Едноставно, животот со чоколадо е поубав и посреќен.

Ние уживаме во домашно производство на чоколади, но имаме и прилично голем избор од светски познати брендови.

Каде во светот се наоѓа најдоброто чоколадо и како изгледа тоа?

1. Далас

Овие колоритни чоколадни штангли во Далас се толку внимателно направени, што изгледаат како мали уметнички дела во духот на Џејсон Полок. Во нивниот состав има најквалитетно венецуелско какао, акаи бобинки, карамела и сусам. Чоколада во панк рок романса.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-02.jpg

2. Будимпешта

Брачен пар во Будимпешта е одговорен за создавање на овие чоко-зелени деликатеси. Тие имаат изглед на камин плочки, а содржат какао, органска шеќерна трска и мала количина на какао путер.

Целиот процес е уште посимпатичен, бидејќи чоколадата ја виткаат рачно во специјална хартија, а вкусовите се неверојатни – чоколадо со леб и маслинки, јапонскиот мача чај или познатиот индиски зачин гарам масала.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-03.jpg

3. Амстердам

Амстердам си го има сфатено сериозно чоколадниот бизнис. За секоја штангла чоколадо, се сади посебно растение. 80% органско темно чоколадо од најретките видови на какао во Јужна Америка и Африка. Чоколадите се засладени со сиров нерафиниран шеќер и се погодни и за вегани.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-04.jpg

4. Њујорк

8 специјализирани продавници во Њујорк ги нудат овие чоколадни пралини кои се невообичаено слатки за нешто што содржи 80% темно какао, но сопствениците тврдат дека тајната е во специјални какао зрна, па нема потреба од дополнителен шеќер.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-05.jpg

5. Швајцарија

А што би била чоколадната индустрија без швајцарското чоколадо? Во составот содржат дури 99% какао, а целата изработка се одвива со раце.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-06.jpg

6. Белгија

Чоколадната традиција на ова квалитетно белгиско чоколадо трае 97 години која вклучува рајски чоко-залчиња, луксузно спакувани во пастелни кутии, произведени од какао кое потекнува од вулкански африкански остров. Не е никакво чудо што ова е омиленото чоколадо на кралското семејство во Белгија.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-07.jpg

7. Париз

Французите имаат квалитетно сирење, вино и нормално – чоколадо. Најстарата продавница во Париз континуирано произведува чоколадо цели 255 години со најразлични додатоци како бадеми, лешници и кандиран ѓумбир, а за најпребирливите нуди и чоколадо со 100% какао во составот, со потекло од Венецуела.

kade-se-naogja-najdobroto-cokolado-vo-svetot-08.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg