Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 прашања со кои ќе ја вратите контролата во вашиот живот

Кога сме соочени со проблеми или одлуки кои мораме да ги донесеме, честопати паѓаме под притисок. 

4-prasanja-so-koi-kje-ja-vratite-kontrolata-vo-vasiot-zivot-01

Како го започнувате денот? Според стручњаците, секој ден треба да го започнуваме со едноставна техника на преиспитување која ќе ни помогне да се насочиме кон нашите цели и да можеме да ги решиме проблемите кои нѐ мачат.

Експертите велат дека овие 4 прашања можат да ни помогнат да преземеме контрола над сопствениот живот:

1. „Што навистина ми е важно?“

Ова прашање е уште познато како „прашање на исплатување“ бидејќи со негова помош сфаќаме зошто правиме нешто и дали всушност ни се исплаќа да го направиме тоа. Поточно, рационално создаваме приоритети и така полесно се носиме со предизвиците одлуките и приоритетите.


2. „Како ќе го направам тоа?“

Поголемиот дел од нас велат дека ќе направат нешто, но ретко кој има план. Тоа се случува затоа што нашиот мозок има способност на избегнување одговорност. Причината поради која честопати не успеваме во своите намери е токму тоа – дефицит на рационален план.


3. „На кого морам да помислам кога ја носам мојата одлука?“

Треба навистина добро да размислите за одлуките кои не зависат само за вас – т.е. оние одлуки со кои може да влијаете на животите од другите. Често, свесно или не, ги занемаруваме луѓето кои ги „опфаќа“ нашата одлука и не размислуваме за последиците од нашето дејствување. А тоа, многу лесно и многу брзо може да ни се одбие од главата.


4. „Што ако...?“

Важно е да ја согледате ситуацијата од сите перспективи затоа што така ќе бидете подготвени на сите исходи. Нема ништо лошо во предвидување потенцијални препреки сѐ додека таквото размислување не ве спречува во активно дејствување. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Неучтиви работи што треба да ги избегнувате во супермаркет (прават да делувате невоспитано) Ги блокирате рафтовите со количката и пробувате да одите преку ред на каса – со ...
11 луѓе чија смисла за хумор е толку добра, што ќе ве насмее и вас (фото) „На рецепцијата на нашиот хотел има знак што ме насмеа - Не си ги заборавајте по...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
6 потсетници за миговите кога мислите дека треба да се откажете од големите соништа Не заборавајте дека најголемите соништа не стануваат реалност преку ноќ и мора д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg