Како да изедете повеќе салата? Едноставно, ако изгледа како торта
Торта или салата? Да не се лажеме, салатата никогаш нема да звучи толку примамливо како големо сочно парче чоколадна торта, но кафуле во Јапонија смислило начин како да ги привлече клиентите кон здравиот начин на исхрана.
Иновацијата е едноставна – салата во облик на торта.
Слоеви и слоеви зеленчук, богато аранжирани со сите раскошни бои кои им ги подарила природата. Изгледаат како вистински торти, подеднакво примамливи, како за погледот, така и на вкус.
Vegiedeco или Vegetable Decoration Salad методот наиде на одобрување кај клиентите, бидејќи здравите растителни „торти“ се фокусирани на здравје и убавина. „Филот“ содржи цели парчиња зеленчук, а „пандишпанот“ се прави исклучиво од соино брашно, без додаток на шеќер.
Горниот слој, односно „шлагот“ пак се изработува од тофу-крем сирење, кое се меша со одредени зеленчуци, за да се добие природна боја.
Заедно со зеленчуковата торта може да се напиете и чај од зеленчук или да каснете парче безглутенски леб од оризово брашно.
Вистинско здраво уживање, зарем не? Уште денеска може да се обидете да ја аранжирате салатата во облик на торта, правејќи ја попримамлива за консумирање.
(О)Милена | Црнобело