13 надреални оптички илузии создадени од природата
Мајката природа е најкреативното нешто што постои на светов, а нејзините ремек-дела секојпат, без исклучок, воодушевуваат.
Доволно е да погледнете само неколку примери и да се уверите во тоа:
1. Подводен водопад
Илузијата се создава како резултат на наталожен песок по должината на брегот на Маурициус и истиот изгледа како водопад.
2. Слика
Всушност ова не претставува слика, туку фотографија од мртви дрвја за време на заоѓање на сонце, а во далечината се гледаат дините на Намибија.
3. Бурно море
Облаци кои изгледаат како бурно море на небото.
4. Магично море
Езерото Ујуни е познато по тоа што создава искривени перцепции поради отсуството на објекти на неговата површина. Во текот на врнежливата сезона почвата на езерото се претвора во едно големо огледало.
5. Раб на карпа
На фотографијата изгледа како човекот да оди на раб на карпа, а всушност, оди покрај течението на река која поминува низ кањонот Глен.
6. Бездна
На фотографијата можете да видите две момчиња како скокаат во бездна, а всушност, скокаат во бунарот Јаков кој се наоѓа во Тексас. Јаков претставува артески извор со дијаметар од 3,6 метри и длабочина од 9 метри.
Уште 7 илузии на следната страна...