Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нема да паметите цела мрежа лаги - Зошто е најдобро да бидете искрени?

Поголемиот дел од нас речиси секогаш, од време навреме, употребуваат мали лаги, за да ги избегнат тешките ситуации или за да ги сокријат сопствените чувства и намери.

zoshto-sekogash-treba-da-bidete-iskreni-01.jpg

Но, лажењето речиси секогаш доаѓа со своја цена, додека пак, вистината е од непроценливо значење.

Неколку причини зошто секогаш треба да бидете искрени:

1. Вистината секогаш излегува на виделина, па со лагите само си „купувате време“ и веројатно многу повеќе ќе ја влошите ситуацијата.

2. Ќе се чувствувате подобро ако сте искрени и отворени.

3. Другите ќе можат да ви веруваат, а довербата е основа на секој однос.

4. Другите ќе ги ценат и бараат вашите мислења или совети.

5. Нема да имате потреба да запаметите и одржите цела мрежа на лаги.

6. Лажењето е полесно, но со искреноста се соочувате со тешките и непријатни ситуации и растете како личност.

Бидејќи веќе разјаснивме дека е далеку подобро да бидете искрени, неколку совети како да го избегнете искушението да излажете:

1. Соберете храброст, знаеме дека лажењето е далеку полесно, но искреноста повеќе се почитува.

2. Бидете искрени, без да размислувате многу за последиците.

3. Имајте верба во другите - најчесто претпоставуваме дека другите нема да не сфатат па полесно ни е да излажеме.

4. Ставете се во чевлите на другата личност - дали би сакале да бидете излажани?

5. Подгответе се како ќе се изразите.

6. Гледајте на искреноста како на можност за отворена и искрена комуникација од која не само што ќе стекнете корисни навики, туку и полесно ќе доаѓате до решенија како во приватниот, така и во професионалниот живот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотикони што ве издаваат дека сте повозрасни (а за помладите се навредливи) Колку често ви се случило да бидете погрешно разбрани во писмена комуникација на...
Што значи ангелскиот број 1111 - Ви се појавува ли во животот? Дали и вие сте од оние луѓе кои бараат магија во секојдневието? Ако е така, тога...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg