Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во допир со природата: Неверојатно реални тетоважи во облик на ливчиња

За украинската тату уметница Рит Кит повеќе од јасно е дека е вљубена во природата, со оглед на фактот што сите нејзини цртежи се поврзани со флората, како главен фокус на нејзината уметност.

Neverojatni_tetovazi_vo_oblik_na_livcinja_Rit_Kit.jpg

Сакајќи да постигне што поприроден ефект на тетоважите, односно тие да изгледаат живо и свежо, таа започнала со малку поинаков пристап при цртањето на телото со игла.

Започнала да потопува вистински ливчиња од различни растенија во тату мастило, притискајќи ги директно врз кожата на клиентите, а потоа доцртувајќи ги деталите.

Ова според Кит, е најприродниот начин за изработка на тетоважи.

На почетокот се насетува само основниот пулс на ливчињата -  формата, боите и расположението кое го оддаваат тие.

Конечниот резултат на тетоважите е дефиниран на крајот на процесот.

Тие се како вистински ботанички отпечатоци врз телото на храбрите љубителите на природата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши) Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со ...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
15 фото-докази дека Австралија е необично место за живот Австралија е прекрасен континент - убави градби, уникатна флора и фауна, дом на ...
10 бонтон правила за културно однесување во хотел (кои секој треба да ги знае) Правило број 1: Бидете тивки додека минувате низ ходниците, со зборувањето гласн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg