Малите работи го прават животот поубав – Топла приказна за едно несекојдневно пријателство
Оваа приказна за едно необично пријателство помеѓу 3-годишно девојче и ѓубреџијата којшто го собира сметот од нејзината улица, ги стопли срцата на читателите.
Слатката Бруклин Ендрека со нетрпение го чекала секој четврток, кога нејзината омилена личност го најавувала своето доаѓање со свирење на сирената на камионот.
„Секој четврток, моето срце е полно кога ќе ја погледнам радоста која ѝ ја предизвикува нашиот собирач на ѓубре, кога свири и ѝ мавта на Бруклин со неговата голема насмевка“, раскажува мајката на 3-годишната слатка ќеркичка.
„А денес... Бруклин и јас спакувавме едно од нејзините роденденски колачиња и го чекавме. Кога тој почна да доаѓа по улицата, таа потрча до аголот. Тој застана, излезе и ни подари голема насмевка. Бруклин во моментот остана без зборови и му го подаде колачето. Му објаснив дека ни го развеселува секој четврток, и навистина го цениме свирежот на сирената и мавтањето, и колку специјален ден е тоа за нас“.
Но приказната не сопира тука. Погледнете што направил човекот со големо срце за малото девојче.
„Бруклин е неговата најголема обожавателка. Таа го чека секој четврток“.
„Неодамна имаше роденден и таа сакаше да му даде роденденско колаче“.
„Му објаснив како ни го развеселува секој четврток“.
Но приказната не завршува тука, бидејќи следната недела, Делвар имал изненадување за малата Бруклин.
Тој ѝ го подарил прекрасен и великодушен подарок.
„Неговата добрина кон неа го допре моето срце на начин кој не можам да го објаснам. Ти благодарам Делвар“ – завршува нејзината мајка.
(O)милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





