Електронски уреди и уште 5 работи кои не треба да ги складирате во картонски кутии
Картонските кутии не штитат ниту од влага, ниту од штетници како молци и стаорци, па не се погодни за складирање некои работи.
Картонските кутии се чест избор за повеќето кога треба да складираат нешто, без разлика дали под кревет, во шпајз или во подрум.
Евтини се, некогаш можете да ги набавите и бесплатно, и иако се од картон, сепак можат да траат релативно долго.
Но, некои работи не е препорачливо да ги складирате во картонски кутии, најмногу бидејќи не нудат добра заштита.
Картонските кутии можат да бидат идеални за привремено складирање, но за подолг период, подобро изберете пластични.
За кои предмети е подобро да изберете нешто друго освен картонска кутија?
Облека и каква било ткаенина
Ако ја ставите облеката во картонска кутија, а потоа и во подрум, каде што може да биде влажно, сигурно ќе ја уништите.
Покрај тоа, картонската кутија не нуди ни заштита од молци.
Облеката складирајте ја во пластични вреќи, како оние со вакуум.
Важни документи и фотографи
Ако ги ставите во картонска кутија, документите и фотографиите ќе се наполнат со прашина, a секогаш постои и ризик од влага.
Притоа, самиот картон има хемикалии кои со текот на времето можат да ја пожолтат хартијата.
Книги
Од иста причина како и за документите, не е препорачливо да складирате ни книги во картонски кутии.
Електроника
Картонските кутии не нудат никаква заштита на електронските уреди.
Сигурно ќе се наполнат со прашина, а и секогаш постои ризик од влага доколку се во подрум или гаража.
Празнични декорации
Ако имате стаклени празнични декорации, кои тежат повеќе, секогаш постои ризик да ја скинат кутијата и со тоа да се оштетат.
Исто така, ако ги чувате во подрум, може да има и стаорци кои ќе ги изгрицкаат.
Хемикалии
Средствата за чистење, за одзатнување и какви било хемикалии, никогаш не треба да ги складирате во картонски кутии.
Ако некоја хемикалија претече, ќе ја накисне кутијата, а потоа може да оштети и предмети околу неа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





