Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто мора да сте малку луди за да успеете во животот?

Сигурно веќе многу пати досега сте слушнале како треба да бидете малку пооткачени отколку што сте, за нешто да ви успее. И пред да превртите со очите, вистина е, лудоста и успехот се синоними.

zosto-mora-da-ste-malku-ludi-za-da-uspeete-vo-zivotot-01.jpg

Било да се работи да љубов, кариера, уметност, активизам или поезија, „лудаците“ се оние кои ги поместиле границите и благодарение на тоа станале славни и успешни.

Зошто и вие треба да сте малку пооткачени за да успеете?

1. Тогаш нема да ви е грижа што мислат другите

Откачените луѓе одамна знаат дека колку побрзо се ослободите од притисокот што мислат другите, толку побрзо ќе бидете среќни. Кога не ве гушат очекувањата дека нешто мора да направите затоа што е „нормално“, станувате послободни и креативни.

2. Тогаш нема да се грижите за правилата

Правилата ги создаваат луѓето со недостаток на фантазија и креативни иде. Како можете да уживате во спонтаноста ако постојано се грижите за времето и протоколот? Како може цело време да следите туѓи упатства и да се плашите да размислувате над она што веќе постои?

3. Тогаш наместо „не“, ќе слушате „те предизвикувам“

Пробајте на (позитивно) откачен човек да му кажете „не“ и тоа ќе го прифати како предизвик.

4. Тогаш ќе бидете доволно луди за да верувате во себе

Не се работи за тоа дека сите други луѓе се поталентирани, попаметни и подобри од вас, се работи за тоа што тие веруваат дека се доволно моќни и посебни за да го добијат тоа што го сакаат.

5. Тогаш нема да барате дозвола

„Попрво би молел/а за простување, отколку да прашам за дозвола“ ќе биде вашето ново мото.

6. Тогаш ќе ја бркате страста, а не парите

На откачените луѓе парите не им се доволни за да ги одржат. Страста ги води на места на кои парите никогаш нема да можат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
6 потсетници за оние кои мислат дека не постигнале доволно во 2024 година Ако не сте ги оствариле сите цели за 2024-та и ако не сте ги следеле новогодишни...
Најубавите двојни имиња за девојчиња (ако не можете да се одлучите за едно) Ана Марија, Нина Миа… Двојните имиња се уникатни и звучат навистина убаво. Ан...
Популарни трендови за кои подоцна младите (сигурно) ќе зажалат „Родители што им даваат на децата да користат интернет и технологија без никаков...
Ги откопуваат мртвите за да ги избањаат и да им ја сменат облеката – Бизарна церемонија на народ во ... Секој август, луѓето од народ во Индонезија ги откопуваат телата на нивните почи...
8 брзински начини да си ја подигнете енергијата и продуктивноста (кога не знаете кај ви е главата) Како да си го подигнете нивото на енергија, концентрација и продуктивност во ден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg