Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 работи кои посакувам некој да ми ги кажеше кога имав 20 години

Времето поминува брзо и незабележливо, а вие уште пред да станете свесни веќе на роденденската торта дувате 30 свеќи.

10-raboti-koi-posakuvam-nekoj-da-mi-gi-kazese-koga-imav-20-godini-01.jpg

Навиките, желбите и приоритетите кои сте ги имале на дваесетина години често не се поклопуваат со оние кои ги имате непосредно пред и по 30-от роденден. Начинот на којшто размислувате се менува и секогаш низ главата ќе ви се вртат мисли од типот „ех, да го знаев ова порано“.

Сега веќе со малку повеќе искуство можете да сфатите што е важно, а што помалку важно во животот па често помислувате камо да имаше некој да ми ги каже овие работи пред десетина години.

Тие работи се токму овие:

1. Патувајте

Листата на одговорности која ја имате е многу мала па имаме еден куп време за патување. Кога ќе наполните 30 ќе сакате да патувате на поинакви места, да трошите повеќе, да јадете во поскапи ресторани... Затоа работете и прошетајте го светот многу поевтино.

2. Создавајте работи

Не губете премногу време работејќи на визиите на другите. Потрошете го времето да изградите ваше сопствено гледиште на светот и патека по која ќе оди вашиот живот.

3. Читајте

Читајте секој ден, сè што ќе ви дојде до рака. Не читајте само за работите кои ги знаете или ве интересираат. Читајте за луѓето. Научете да ги читате луѓето.

4. Престанете да гледате телевизија со часови

Да, убаво прочитавте. Часовите поминати пред телевизор само ви го одземаат драгоценото време кои можете да го вложите во нешто многу покорисно.

5. Верувајте

Дури и ако тоа ги уништува вашите врски. Дури и ако тоа ги уништува вашите идеи. Дури и ако ги изгубите пријателите. Дури и ако на крајот завршите повредени. Верувајте во луѓето додека не ви покажат дека е време да престанете. Но, не бидете наивни. Светот е полн со луѓе кои стојат до вас подготвени да ви заријат нож во грб во секој момент.

6. Опкружете се со вистинските луѓе

Луѓето се најдобрата и најлошата работа која ќе ви се случи во животот. Некои ќе ви помогнат да отидете подалеку и побрзо. Другите ќе ве повлечат надолу и ќе уживаат да ве гледаат како губите. Повеќето се добри, многумина се просечни, но постојат и некои кои се одлични.

Само неколку луѓе се тие кои ќе го сменат вашиот живот. Најдете ги.

Не ви требаат многу пријатели или луѓе околу вас. Потребни ви се само неколку одлични луѓе кои ќе бидат тука за вас секогаш кога ќе ви требаат.

7. Ценете го времето

Не го трошете времето на луѓе на кои не им верувате. Не го трошете времето на партнери кои ве изневеруваат. Не го трошете времето на пријатели кои не ве третираат онака како што вие ги третирате нив.

Не доцнете. Научете да го цените времето на другите. Оставајќи ги луѓето да ве чекаат остава впечаток дека не го цените нивното време и сметате дека е важно само вашето.

8. Научете да преживеете неуспех

Неуспесите во љубовта, сексот, пријателството, работата, семејството само ќе ве направат посилна личност која ја научила лекцијата.

Ако од секој неуспех сте научиле нешто ново, тогаш тоа не е неуспех. Секогаш кога ќе доживеете неуспех и ќе научите нешто ново, станувате сè подобри во изнаоѓањето начин како да успеете.

9. Научете како да стигнете до успехот

Никогаш во животот нема да имате чувство дека целосно сте успеале. Желбите секогаш ќе ви се менуваат и зголемуваат. Затоа едноставно сфатете го тоа и започнете да работите на целите кои сте ги одредиле.

10. Научете да бидете трпеливи

Работите во животот кои вредат обично не се одвиваат брзо, затоа научете да бидете трпеливи и да чекате.

Планирајте во декади, размислувајте во години, работете во месеци, живејте во денови.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајките гневни на ZARA заради маичка за деца: „Ова е морничаво, злобно и непристојно“ „Одлична ужинка – гризни ја“ стои на натписите на маичките за деца што шпанскиот...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Строги (и чудни) правила кои стражарите на кралската гарда во Англија мора да ги следат Треба да внимаваат како паѓаат ако изгубат свест и од нив се очекува да стојат м...
Што да правите, а што не ако почне да грми кога сте на плажа? Немојте да се криете под шатор или тенда и ако во близина нема затворен простор,...
Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg