Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле
Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само дел од значајните историски настани за кои фановите на Нострадамус се убедени дека се спомнати во неговите пророштва. Дали вие верувате дека навистина ги предвидел?
Нострадамус е еден од најпознатите пророци и многумина веруваат дека предвидел некои од најзначајните настани низ историјата.
Роден е во Франција во 1503 година, а има запишано над 900 поетски катрени (строфи со четири стиха) кои наводно ја предвидуваат иднината.
Сепак, мора да се нагласи дека стиховите на Нострадамус се многу двосмислени и практично секој може да си ги толкува како што сака.
Но, без разлика на ова, забавно е да се размисли за настаните за кои се верува дека ги предвидел.
Дел од нив во продолжение:
Смртта на кралот Хенри Втори
Нострадамус и лично го познавал францускиот крал Хенри Втори, а се верува дека ја предвидел неговата смрт на 40-годишна возраст.
Кралот Хенри сакал да лови, а сакал и витешки борби со копја и коњи.
На една ваква борба, во 1559 година, кралот бил прободен со копје, кое се скршило, а делчиња од него завршиле во неговите очи и череп.
Смртта на кралот била болна и бавна, а се верува дека Нострадамус ја предвидел.
Големиот лондонски пожар
Големиот пожар во Лондон во 1666 година е една од најразорните катастрофи во престолнината на Англија.
Огнот горел од 2-ри до 6-ти септември, притоа уништувајќи над 13.000 и 87 цркви. За среќа, во пожарот загинале само шестмина.
Пожарот започнал од пекарница и се проширил навистина брзо.
И ова е настан за кој се верува дека Нострадамус го предвидел но, секако, има дебати за толкувањето на стиховите кои наводно се однесуваат на пожарот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





