Повреди од видео игри
Статистиката во ЕУ покажува дека кај децата помлади од 15 години опаѓа бројот на оние кој се здобиваат со повреди паѓајќи од дрво, трчајќи, скокајќи...
... или возејќи се со велосипед.
Но овој податок не значи дека денешните деца се повеќе снаодливи и внимателни во сите овие работи, туку наведената листа е дополнета со нови типови на работи кои предизвикуваат повреди каде се вклучуваат активностите кои се изведуваат дома како што се гледање на телевизија или играње на видео игри.
Најчесто се работи за ситуации во кои се децата се здобиваат со потечени прсти од играњето на разни игрици. Податоците во врска со бројот на повреди ги објави Британското списание The Sun користејќи се со законот за слобода на информацијата.
Со статистиките било покажано дека од 2002 година бројот на повреди од видео игри се зголемил дури за 60%, а додека повредите кои биле причинети од активностите кои се изведуваат надвор опаднал за 57%.
Овој тренд покажува дека денеска децата се помалку излегуваат надвор. Една група на Британски експерти
сметаат дека тоа е лош тренд, бидејќи повредите однадвор се многу значајни во развојот на способностите на детето за да успева да ги проценува ризиците во животот.
Би можело да ве интересира:





