Како најдобро да го спасите телефонот кој ви паднал во вода?

Не дај боже да ви падне телефонот во вода, а за жал, и тоа се случува. Но, не мора да значи дека не можете ништо да направите.

kako-najdobro-da-go-spasite-telefonot-koj-vi-padnal-vo-voda-01

Ако првата помисла ви е да го ставите во ориз, ние имаме подобро решение:

1. Извадете го телефонот од водата и веднаш исклучете го

Ако е веќе исклучен, никако не го вклучувајте за да видите дали работи затоа што така може да го оштетите уредот.


2. Брзо избришете го и ставете го во песок за мачки или кус-кус

Ова се 2-те најдобри средства за впивање влага. Спротивно на мислењето дека најдобро е да го ставите во ориз, всушност тој не е толку делотворен како кус-кусот или песокот за мачки. Едно тестирање покажало дека само Блекбери преживеал во ориз, додека ајфонот и андроидот не биле спасени.


3. Оставете да го да стои најмалку 24 часа

Најдобро би било да почекате 48 до 72 часа. Ако го вклучите пред целосно да се исуши би можеле неповратно да го оштетите.


4. Хигиенски влошки

Ако немате кус-кус или песок за мачки, исто добро решени е се хигиенските влошки. Верувале или не, тие можат да ви помогнат да го спасите телефонот. Едноставно, прицврстете ја влошката за телефонот и таа ќе ја впие влагата. За побрзо делување, земете две влошки и прицврстете ги од двете страни на телефонот. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Најлудите работи што можете да ги сретнете во супермаркет во Кина Месо од крокодил, но и бесплатен автобуски превоз до вашиот дом – што можете да ...
Чарли Чаплин, Хју Хефнер: Темната страна на најпознатите „женкари“ во историјата Казанова е толку познат женкар во историјата, што неговото име денес честопати с...
Како „од око“ да познаете дали намирниците се свежи пред да ги купите или употребите? Дали знаевте дека оризот што го чувате подолго од 1 месец на собна температура м...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен ... „Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го опт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg