Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен старец

„Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го оптоварите пријателот со некоја ваша тајна“... Кои се најмоќните животни лекции што можете да ги научите од 80-годишен старец?

nikogash-ne-se-otkazhuvajte-od-nikogo-chuda-se-sluchuvaat-sekoj-den-20-zhivotni-lekcii-od-80-godishen-stareci-01.jpg

Низ животот најмногу работи ќе научиме сами, откако ќе ги искусиме на своја кожа.

Но, некои лекции ќе ни ги пренесат постарите и поискусните, кои проживеале многу.

Кои се најважните 20 животни лекции од 80-годишен старец?

1. Секогаш стиснете ја цврсто раката на оној со кого се ракувате.

2. Гледајте ги луѓето в очи кога разговарате.

3. Ако некој ве нападне и се најдете среде тепачка, удирајте силно. И удрете први!

4. Не ги кажувајте туѓите тајни.

5. Никогаш не се откажувајте од никого. Чуда се случуваат секој ден.

6. Секогаш прифатете ја испружената рака.

7. Бидете храбри. А ако не сте, преправајте се дека сте – никој нема да ја забележи разликата.

8. Внимателно избирајте го својот животен партнер.

9. Позајмувајте само книги што не ви се важни.

10. Кога играте игри со деца, дозволете им да победат.

otkazhuvajte3.jpg

11. Дајте им на луѓето втора шанса, но не и трета.

12. Не дозволувајте телефонот да ви ги прекине важните моменти во животот.

13. Бидете добар победник. Но, и добар губитник.

14. Размислете двапати пред да го оптоварите пријателот со некоја ваша тајна.

15. Бидете скромни. Луѓето постигнале многу работи и пред вие да се родите.

16. Кога некој ќе ве прегрне, оставете го прв да ве пушти, наместо да „бегате“.

17. Чувајте се од луѓето кои немаат што да изгубат.

18. Кажувајте им на луѓето околу вас дека ги сакате.

19. Денот нека ви почне со омилената музика.

20. Купувајте цвеќе за саканите. Ако мора, подоцна измислете причина зошто сте го купиле.

Извор

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg