11 работи без кои и најубавата жена е непривлечна
Нема ништо лошо во тоа да се трудите да изгледате одлично и да се чувствувате самоуверено, но понекогаш се чини дека вредноста на жената е дефинирана преку убавината.
Да бидеш убава и згодна е предност, но не е доволно.
Без овие 11 особини, ниту една жена не е жена во вистинска смисла на зборот:
1. Забавна
Да бидеш забавен значи да овозможиш моменти на среќа и смеа за луѓето околу вас. Покрај тоа, кој не би сакал да се дружи со личност која постојано има нови и забавни шеги? И самите знаете дека смеењето е најдобар лек.
2. Креативна
Креативните личности набљудуваат сè околу себе, бараат нови искуства и преземаат ризици. Истражувањата покажуваат дека тие живеат подолго.
3. Непобедливa
Но, тоа не значи да не знаете да се извините за нешто што сте згрешиле, туку да знаете кои сте и колку вредите, без многу извинувања.
4. Спонтана
На секој му е потребен пријател кој може да го викне на кино или пијачка во последен момент. Секако дека треба да ја прифатите поканата ако немате други планови, затоа што и тоа е ново искуство.
5. Искрена
Дури и ако не сте жена која оди до граница на брутална искреност, да бидеш директна околу желбите и потребите е квалитет вреден за воодушевување.
6. Посветена
Една од најважните работи во секој однос е да знаете дека можете да се потпрете на другата личност, дека таа е на ваша страна и дека ќе ве поддржи без оглед на било што.
7. Широки сфаќања
Да бидете подготвени да откриете нешто повеќе и да сте отворени за промена на мислењето, не е секогаш лесно. Напорот кој треба да го вложите во тоа вреди време и трпение.
8. Внимателна
Луѓето многу повеќе ќе ценат ако им се јавите без некоја посебна причина или им се појавите на врата со нивната омилена храна/омилено кафе, отколку ако им купите нешто скапо.
9. Емпатична
Да бидеш во состојба да се поврзеш со луѓето и да се замислиш себеси на нивно место е карактеристика која никогаш не се потценува.
10. Великодушна
Без оглед дали се работи за одвојување на време, за некој совет или дел од вашите ресурси, сè се смета за великодушност. Ова е особина со која подеднакво се усреќувате себеси, но и другите луѓе околу вас.
11. Одговорна
Одговорните луѓе си стојат на зборот и ги завршуваат работите на време. Тие се тука кога ви се потребни и тоа кажува многу за нив.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





