Одморајте додека можете: Кога ќе се омажите добивате 7 часа дополнителна работа во неделата
Истражувањата направени од страна на Универзитетот Мичиген покажуваат дека мажот на својата жена и додава уште 7 часа дополнителни домашни обврски неделно.
За сите оние жени кои напорно работат не само на нивното работно место, туку и дома, одговорот зошто е тоа така e - мажот.
Ново истражување направено на Универзитетот Мичиген открива дека мажот додава по 7 часа неделно дополнителна домашна работа на жената, на сметка на тоа што таа му заштедува еден час.
„Ова е добро позната распределба на обврските - мажот повеќе работи на работното место, а жената по дом“ - објаснува Френк Стафорд, главниот научник одговорен за ова истражување.
Истражувањето е направено на основа на 2.005 дневници кои се водени за откривање на динамиката на приходите. Во тие дневници испитаниците одговарале на прашања како колку време чистат, готват и ги прават останатите основни домашни обврски.
Резултатите од истражувањето покажале дека слободните жени најмалку време губат на домашните обврски, околу 12 часа неделно, додека оние кои се во брак, трошат дупло време неделно за домашните обврски.
Жените со 3 деца, неделно трошат и до 28 часа готвејќи за семејството, пеглајќи и перејќи облека...
За тоа време, мажите трошат најмалку 6 часа неделно на домашни обврски.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





