Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лесно е да бидеш школуван, тешко е да бидеш образован

Школувањето се постигнува со бубање и упорност, образованието се стекнува со непрестанато ширење на видиците, љубопитноста и желбата од себе да направиш сестрана, квалитетна личност.

lesno-e-da-bides-skoluvan-tesko-e-da-bides-obrazuvan-001.jpg

Голем проблем е што денешната младина не чита. Скоро никогаш. Тоа се луѓе на кои им останува иднината, кои утре ќе управуваат со светот, ќе ги учат нашите деца.

Денес на луѓето им е тешко да прочитаат било што подолго од 3 реченици.

Една работа е што со нечитањето си го кратиме знаењето, а сосема друга работа е тоа што остануваме без чудесните светови кои книгите ни ги носат.

Она што најчесто го слушаме е „Кој ќе чита, види колку има“...

Од една страна не сме свесни за фактот дека тоа што не се образуваме значи дека стануваме безоблична маса без сопствено мислење. Од друга страна, речникот ни се сведува на пцовки и жаргонски изрази. Ретко кој денес е сигурен дали правилно се пишува незнам или не знам.

Сите сме имале прилика да се увериме дека факултетот не значи ама баш ништо, односно школуваната личност не мора задолжително да биде и образована. Има звање, но нема знаење.

Некој ќе каже дека читањето е губење време. Мене често ми кажуваа дека го идеализирам светот токму заради тие мои книгички, дека сè гледам од поведрата страна затоа што сум прочитала премногу бајки.

Само се прашувам, кој губи тука?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
12 неуредни детали во изгледот што веднаш ги забележуваме кај другите (а на себе ги игнорираме) Траги од пудра или првут на облеката, несредени стапала, ластиче за коса како бр...
13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
Вреќички за чај и уште 3 работи кои се измислени сосема случајно Знаете ли дека пластелинот првично се продавал како средство за чистење ѕидни та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg