Зошто неорганизираните луѓе се поинтелигентни од другите?

На секој од нас му се случува понекогаш да заборави нешто или да загуби. Меѓутоа оној тип на луѓе на кои тоа често им се случува, можеби имаат толку работи во главата што секојдневните работи не им се од толкаво значење.

zoshto-neorganiziranite-lugje-se-pointeligentni-od-drugite-01.jpg

Дали вие припаѓате на оваа група на луѓе, кои иако се неорганизирани, знаат што точно сакаат?

Имаат одлични оцени на вербалните тестови и често припаѓаат на групата надарени

Тестовите за мерење на интелигенцијата се состојат од два дева - вербален и практичен. Овој тип на луѓе немаат никаков проблем со првиот дел, бидејќи нивниот мозок функционира на поинаков начин.

Тие постојано имаат нови идеи во главата и со самото тоа знаат да се изразат и да го кажат она што го посакуваат. Вербалниот дел подразбира брзо процесирање на информации во мозокот, а тоа е нивно поле на експертиза.


Креативни се

Постојат неколку психолошки тестови кои ја мерат креативноста, а еден од нив мери хумор, необични визуелизации, фантазирање... Оние кои се „хронично неорганизирани“ се најдобри на овие тестови.


Имаат широк спектар на знаења

Овие личности не само што имаат регуларна работа, туку со сигурност се занимаваат и со нешто плус покрај редовната работа. Уживаат да откриваат нови работи и да доживуваат нови искуства.


Информациите ги процесираат преку десната хемисфера на мозокот

За разлика од другите луѓе, за кои за еден проблем постои само едно решение, овие личности автоматски гледаат повеќе решенија за еден проблем. Неуредноста и започнувањето на неколку работи истовремено се доказ дека размислуваат на многу различни начини.


Се врзуваат за работи кои им се нејасни на луѓето

Ова е последица на тоа што овие личности ги привлекува нешто што е различно, поинакво.


Секогаш се трудат да бидат покрај енергични луѓе

Причината поради која овие луѓе се дружат со енергични луѓе е тоа што и самите никогаш не мируваат. Мораат да бидат во движење, да бидат во потрага по нови искуства и работи. Личноста која е неорганизирана нема време за неважните работи.


Тешко се фокусираат кога се незаинтересирани

Неорганизираните деца имаат проблем со учење на одредени предмети, затоа што не ги интересираат истите. Професорите често не знаат да ги мотивираат на вистинскиот начин, а последица на тоа е што никогаш нема да се заинтересираат за предметот.


Интуитивни и екстровертни се

Добро знаат да ги проценат другите, сакаат да се дружат, а меѓу другото, тие сакаат предизвици. Проблемите ги решаваат на поинаков неконвенционален начин и секогаш се подготвени поинаку да пристапат на работите.


Размислуваат глобално

Ова може да се објасни преку пример. Личностите кои размислуваат линеарно ако треба да склопат нешто, прво ќе го прочитаат упатството, а потоа ќе пристапат кон склопување. Луѓето кои размислуваат глобално го замислуваат предметот како изгледа и на основа на тоа го склопуваат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Колекционери ги покажуваат своите уникатни колекции (фото) Розови калкулатори, разни изданија од една книга, лути сосови – многу луѓе ширум...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
Британка го имитира стајлингот на ѕвездите: Со чаршав и селотејп го направи фустанот на Тејлор Свифт... Фустанот на Тејлор Свифт од Греми 2024 го направи од чаршаф и исечоци од модни с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg