Со мали чекори до посреќен живот...
Заборавете на големите животни промени кои морате да ги направите, бидејќи истите доаѓаат по малите чекори.
Среќата и исполнетоста лежат во ситниците, во малите работи кои ги правите секојдневно.
Постојат едноставни начини како да дојдете до исполнет и посреќен живот:
1. Подучувајте некого
Постои голема веројатност вашите вештини, талент или мудрост и знаење да можат да помогнат на некој кој сака да научи. Подучувајте некого, бидејќи тоа ќе ве исполни и вас.
2. Секоја недела фрлајте 3 работи
Чистењето на просторот во кој живеете е најдобар начин да го намалите нивото на стрес и да се релаксирате. Ако секоја недела фрлате по три работи кои не ви се потребни, на крајот на годината својот простор ќе го ослободите од 156 непотребни работи.
3. Заштитете го својот ум
Внимателно одбирајте ги оние кои допуштате да влезат во вашиот ум и таму да останата. На својот ум гледајте како на желудникот, а сè околу вас како храна и пијалаци кои мудро треба да ги одберете.
4. Фокусирајте се на добро донесување на одлуки
Кога донесувате некоја одлука, размислите за нејзините долгорочни последици. Размислете за вашите најголеми желби и цели, но истовремено размислете и за тоа нивното остварување какво влијание ќе остави на вас и луѓето околу вас.
Н. Г. | Црнобело