5 алтернативни начини на кои можете да ја употребите медицинската самолеплива трака

Медицинскаката самолеплива трака може да биде многу корисна – не пропушта воздух, не ја надразнува кожата и обично се користи за прицврстување на рани, разни цевчиња и катетери.

5-alternativni-nacini-na-koi-mozete-da-go-upotrebite-medicinskiot-selotejp-01

Но, истата има и некои други намени во кои секоја жена може да ужива.

Еве 5 од нив:

1. За поудобни обувки

Имате нови обувки кои можат да ви создадат плускавици? Прекријте ги критичните места со траката и потоа облечете ги. Таа ќе спречи задебелување на кожата, а нејзината боја ќе се стопи со вашата кожа.

Ако сакате да ја намалите болката во потпетиците, залепете ги заедно третиот и четвртиот ножен прст.


2. За подигнување на градите

Залепете неколку ленти под градите. Така ќе ги стабилизирате и ќе ги подигнете. Овај трик има најголема смисла кога носите фустан, маичка или блуза со отворен грб кои не дозволуваат носење на класичен градник.


3. За шминкање

Медицинската самолеплива лента е совршениот сојузник ако сакате да нанесете туш, а немате мирна рака. Доволно е само да ја залепите на работ од окото, а над нејзиниот раб да повлечете линија каква што сакате.


4. За намалување на создавањето брчки

Залепете го просторот измеѓу веѓите во облик на „Х“ пред да си легнете. Траката ќе ја држи кожата на место, а со тек на време ќе го спречи создавањето на брчки кои настануваат на ова проблематично подрачје додека спиете.


5. За спречување на создавањето подочници

Можеби звучи необично, но вреди да испробате. Пред да си легнете, намачкајте го лицето и пределот околу очите со вообичаената крема.

Потоа, залепете медицинска трака на пределот под очите – каде вообичаено имате подочници. Откако ќе се разбудите, притисокот треба да го намали појавувањето на „темни кругови“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Pimp My Ride и уште 9 (бизарни) реални шоуа што ги гледавме на MTV во 2000-тите Се сеќавате на Simple Life, шоуто во кое богаташките Парис Хилтон и Никол Ричи п...
8 психолошки трикови за да ги препознаете луѓето што се лицемерни и глумат дека се фини Кои знаци откриваат дека личноста со која го поминувате времето е лицемерна и са...
Која порака ја упатувате ако некому подарите орхидеја? Знаете ли што им порачувате на луѓето кога ќе им подарите розова орхидеја? Зн...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
„Што порачав, а што добив“: Разочарувачки и смешни фото-споредби од онлајн шопинг „Го предупредив другар ми дека не треба да нарачува од секаде. Се надевам дека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg