Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како ја замислуваат смртта луѓето ширум светот?

Смртта е неизбежна, но луѓето отсекогаш имале потреба да стават лик на нашиот неизбежен крај. 

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-03

Овие персонификации за смртта се далеку пострашни од  безмилосната празнина:

Dullahan

Dullahan е коњаник без глава кој јава низ ирските села, додека ја држи главата во една рака. Има бледо блескава кожа и извртена насмевка.

Кога Dullahan ја држи главата високо, неговите црни очи можат да гледаат далеку. Тој јава толку брзо што грмушките можат да се запалат кога ќе помине покрај нив.

Не е важно колку цврсто ја заклучувате портата, тој секогаш ќе влезе. Сепак, тој има и слабости - необјасниво се плаши од злато. Кога патувате низ ирските патишта секогаш е добро со себе да носите злато.

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-01


Bean Nighe

Bean Nighe е самовила од шкотскиот фолклор. Легендата вели дека можете да ја најдете крај потоци како ја мие крвавата облека на некој кој треба да умре.

Таа се создава кога жена умира за време на породувањето. Се појавува во форма на млада жена која се облекува во зелена боја и има црвени стапала.

Ако застанете помеѓу неа и водата ќе ви исполни три желби или ќе ви одговори на три прашања, но исто така, од вас ќе побара да и одговорите искрено на нејзините три прашања.

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-02


Plague Hag

Во 1349-та во Берген, Норвешка, пристигнал брод носејќи ја „црната“ смрт. Житото било преполно со стаорци заболени од чума.

За шест месеци чумата се проширила низ Норвешка, при што починало 50% од населението. Поради ова е создадена персонификација на црната смрт, старица позната како Пешта.

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-03


Jeoseung Saja

Jeoseung Saja е корејската верзија на смртта. Неговата задача е да ги однесе душите до царот на подземјето.

Jeoseung  Saja носи долга црна наметка и црна шапка. Има бледа кожа и потонати очи. Неговите слабости се разликуваат од провинција до провинција. Некаде можете да го избегнете со сребро и портокали.

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-04


Shinigami

Јапонскиот Shinigami стана популарен неодамна поради мангата Death Note, каде е опишан како демонско суштество.

Тие го продолжуваат својот живот со запишување на имиња на магично парче хартија. Кога Shinigami ќе ви го запише името, веднаш ќе умрете, а Shinigami ќе ги украде вашите преостанати години од животот.

Сепак, овие верзии не се базираат врз фолклорот, туку врз западната верзија на смртта.

Во Фолклорот Shinigami го мери човечкиот животен век со свеќи. Кога свеќата на една личност ќе изгасне, тоа значи дека е време тоа лице да умре.

Свеќите на убавите и богатите луѓе гореле побрзо од другите.

Ако сте болни, ќе го видите Shinigami како седи во подножјето на вашиот кревет. Ако сте смртно болни, Shinigami ќе стои пред вас.

Bezmilosni-personifikacii-na-smrtta-05

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Жени откриваат: „Работи кои сакаме мажите конечно да ги разберат за нас“ „Менструалните болки за некои жени се многу болни и жените не драматизираат“. По...
5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg