Од Пентаграм до Анк: Најпознатите езотерични симболи и нивните значења
Симболите имале големо значење во историјата на човештвото, а и денес. Секој симбол има свое скриено значење.
Ова се најпознатите езотерични симболи и нивните значења:
Пентаграм
Пентаграмот е симбол кој често погрешно се толкува, а можеби е и најпознат симбол кој многу мал број на луѓе го разбираат. Долго време се поврзувал со магија и мистерија.
Понекогаш се нарекува бескраен јазол. Одамна се верува дека е моќна заштита против злото и демоните, затоа стана симбол на заштита и безбедност, а се носи и како амајлија за среќа.
Денес е главно симбол на нео-Паганите, а му се припишуваат многу значења.
Во историјата се користел во многу контексти. Најстарата употреба на пентаграмот датира од времето на Урук, 3.500 години пред нашата ера, а бил пронајден во Месопотамија. Во подоцнежните периоди во Месопотамија бил симбол на империјалистичката сила.
Раните христијани го поврзувале со 5-те рани на Исус. Пред времето на инквизицијата не бил поврзуван со зло.
Со зголемувањето на популарноста и интересот за вештерството (Вика), како и објавувањето на многу книги, следела реакција од црквата. Реакцијата на христијанската црква била да го осуди злото, како и оние кои го користеле овој симбол.
Почнала да се прави разлика помеѓу пентаграмот свртен нагоре и надолу. Ова довело до концептот на „бела“ и „црна“ магија.
Печатот на Соломон
Се работи за ѕвезда кој е составена од два рамнострани триаголници меѓусебно вкрстени. Овој симбол ги содржи четирите елементи: оган, вода, воздух и земја.
Елементите заедно обединети во шестоаголник го претставуваат универзумот. Печатот на Соломон укажува и на синтезата на спротивностите, а ја вклучува и Херметичката традицијата на седум основни метали, како и седум планети.
Анк
Анкот е магичен крст или јазол кој често се користи во иконографијата на спротивностите. Макрокосмички го претставува сонцето, небото, земјата, а микрокосмички го претставува човекот.
Најчесто се толкува како знак кој изразува помирување на спротивностите или соединување на активниот и пасивниот принцип. Со него се прикажани Боговите и кралеви, најчесто божицата Изида.
Свастика
Свастиката е еден од најраспространетите и најстарите симболи. Овој симбол бил познат кај Келтите, Етрурците, античките Грци, Словени... Постои верување дека потекнува од Атлантида.
Зборот „свастика“ потекнува од санскритскиот јазик и претставува среќа. Свастика (suaste) се состои од зборовите „su”, што значи добар и „asti”, што значи постои.
Свастиката е симбол сеприсутен на индискиот потконтинент, а може да се види во храмовите, вратите на домовите, како декорација на зградите, во народната уметност и култура. Свастиката била поврзана со плодноста во Месопотамија, како и со семитската божица Иштар. Присутна е во разни религии: египетски, будистички, скандинавски, хиндуистички, па дури и во Христијанството. Самото име „свастика“ значи „среќа“.
Овој симбол станал популарен во 19-от век, а особено кон почетокот на 20-от век. Свастика била заеднички мотив на многу разгледници и честитки, не само германски, туку и британски и американски.
M. A. | Црнобело