6 луѓе откриваат кои се најголемите тајни што ги кријат од саканите

„Со клуч намерно му го изгребав автомобилот на свршеникот, а тој и ден-денес е убеден дека тоа му го направил колега или некој случаен минувач“.

6-lugje-otkrivaat-koi-se-najgolemite-tajni-shto-gi-krijat-od-sakanite-01.jpg

Понекогаш од најблиските криеме работи за да не ги повредиме, за да не ни се налутат или за да не го сменат мислењето за нас.

Некогаш овие работи ни тежат и ни ја печат совеста, но се убедуваме дека така е најдобро - да не дознаат нешто и да ги заштитиме.

Но, некои луѓе кријат дури и ситници од саканите.

Тие ги открија своите тајни на социјалната платформа Quora:

„Сопругот го запознав додека студиравме на ист факултет. Откако дипломиравме, се вработивме, а јас останав бремена и добивме дете.

И неговото и моето семејство нè прашуваат кога ќе се венчаме, а ние не знаеме како да им кажеме дека сме веќе 10 години во брак.

Уште додека студиравме, еден ден само извадивме дозвола, отидовме во општина и се венчавме. Тогаш ни беше страв да им кажеме, а и сите ни велеа дека браковите склучени во студентските денови не траат. И со години молчиме“.

„Со брат ми скршивме еден од скапите стаклени свеќници на мајка ми. Јас фрлив перница по него, тој се наведна, но перницата го турна свеќникот.

Имаше стакло насекаде, па исчистивме сè до последното парче. Бидејќи на местото каде што стоеше свеќникот сега беше празно, брат ми малку им го смени распоредот на останатите свеќници.

Не знам како мајка ми не забележа, но до ден-денес ништо не прашала“.

6-lugje-otkrivaat-koi-se-najgolemite-tajni-shto-gi-krijat-od-sakanite-02.jpg

„Пред 4 години почнав да се гледам со сегашниот дечко. На првиот состанок, додека шетавме по улица, тој забележа дека една од врвките на чевелот е врзана чудно и ми кажа да ја преврзам, за да не се одврзе, а јас да се сопнам.

Бев прејадена, ме мрзеше да се наведнувам и само му кажав дека не знам да врзувам врвки.

Тој се наведна, ми ја врза врвката и продолживме. Не му признав дека знам да врзувам врвки, па сега кога одиме некаде, тој клекнува да ми ги врзе врвките на чевлите или патиките.

Сега ми е веќе срам да му признаам дека знам како се врзуваат врвки. Но, чудно ми е што ни тој никогаш не се понуди да ме научи како се прави тоа“.

„Пред свадбата се скарав со свршеникот, а тој лут отиде кај неговите. Бидејќи го немаше два дена, отидов да го побарам, но таму продолживме да се караме.

Брат му во лутина ми го изгреба автомобилот со клуч, а мојот сегашен сопруг не сакаше да признае дека брат му е виновен.

Неколку месеци по свадбата, отидов кај него на работа и намерно му го изгребав автомобилот со клуч. Поминаа неколку години, а тој е убеден дека колата му ја изгребал колега или случаен минувач, а јас никогаш нема да му ја кажам вистината“.

6-lugje-otkrivaat-koi-se-najgolemite-tajni-shto-gi-krijat-od-sakanite-03.jpg

„Другарка од класот ги лажеше родителите дека оди на часови по танцување, а всушност излегуваше со мене.

Нејзините родители ѝ даваа пари за часовите, а таа повремено измислуваше движења за да им покаже што научила. Тие никогаш не дознаа дека ги лаже каде е и за што ги троши парите“.

„Пред неколку години бевме во финансиска криза со сопругот, па дел од накитот, меѓу кој беше и бурмата, ги однесов во заложна куќа. Мислев дека наскоро ќе дојдам до пари и ќе ги откупам назад, но тоа не се случи.

По неколку месеци ми ја украдоа чантата во метро, па на сопругот му кажав дека меѓу украдените работи се и бурмата и накитот“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 фото-докази дека мажите и жените се навистина од различна планета „Му реков на сопругот да ми купи неколку штипки за коса додека е во маркет. Доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg