Уживајте во животот на вистинскиот начин...

Досега сигурно сте сфатиле дека формула за успешен живот не постои, а ниту пак елексир за вечна младост и магија за вечна среќа.

zivejte-go-zivotot-na-vistinski-nacin-01

Но, тоа не треба да биде факт кој ќе нè разочара, туку напротив, факт кој ќе нè натера да се впуштиме во авантура која ќе ни дозволи да го искусиме животот.

На тој начин ќе имаме можност да дојдеме во допир со разни ситуации кои ќе не променат, а најважно од сѐ е додека живееме, тоа да го правиме на вистинскиот начин.

Иако за тоа не постои строга дефиниција, сепак постојат начини како да бидеме позитивни, насмеани и полни со енергија за сите подвизи...

Најдете се во опкружување на позитивни луѓе

Во вашето секојдневие пронајдете време само за да ги одржувате врските со луѓето кои знаат да ви го исполнат денот со позитивна енергија. Не ја губете енергијата на личности кои знаат да ви го променат расположението и да го уништат вашиот прекрасен ден.

Едноставно научете да ги избегнувате оние кои со својата појава ќе предизвикаат негативни чувства во вашето тело.

Секогаш стремете се да ги чувате врските со пријателите и членовите на семејството кои ве прават среќни, бидејќи тоа се луѓето на кои треба да ја трошите вашата енергија.


Избегнете ги непотребните вести

Секојдневно се случуваат многу работи за кои добиваме информации од разно разни медуми, но наместо да се преокупирате со она што се случило додека сте биле онлајн или офлајн, научете да се занимавате само со вестите кои ве засегаат.

Не го труете вашето секојдневие со информации од кои немате никаква корист. Она што е важно, секако ќе го дознаете без притоа да губите енергија на непотребни случувања кои и тоа како влијаат на расположението, а притоа бесцелно го трошат вашето слободно време.


Постојано запознавајте нови луѓе

Колку и да звучи чудно, сепак контактите кои ќе ги остварите денес можат да бидат клучот за успехот во иднина. Додека ги извршувате обврските или пак бесцелно го трошите вашето време, посветете се на запознавање нови луѓе.

На тој начин ќе имате можност да се најдете во околина каде ќе слушнете нови идеи, размислувања и начини за тоа како да се адаптирате на барањата на средината, а ќе имате можност да ги презентирате и вашите ставови на луѓе кои дотогаш не ги слушнале.

Добивката од запознавање нови луѓе е огромна, бидете слободни и не се плашете од нови личности во вашиот живот.


Трошете пари на искуство, не на материјални работи

Материјалните работи ја губат својата вредност со самото нивно купување од продавница. Па затоа, секогаш кога имате некаква заштеда и се прашувате што да направите, сетете се дека искуството вреди многу повеќе од она материјалното.

Затоа наместо нова чанта или капа, дозволете си прошетка во некој музеј или планетариум, или наместо најновиот модел на телефон овозможете си викенд на некое специфично место каде ќе можете да ги наполните вашите батерии.


Вложувајте во себе

Курсот по германски, часовите по латино танци или пак долгите напорни вежби во музичкото училиште нека ви бидат само дел од обврските кои ќе ве релаксираат.

Во животот ќе наидете на ситуации во ќе се изненадите како сè она што сте го вложиле во себе се исплатило. Кога најмалку ќе очекувате, вие ќе блеснете. 

Затоа не се плашете од мала обврска која ќе ја разбие секојдневната рутина и ќе ви овозможи ново искуство кое е добро да го имате во вашето портфолио.


Запомнете дека чувствата не траат постојано

Како што многумина велат, животот е едно тркало. Колку и да се обидуваме да ги задржиме или оттурнеме чувствата, тоа едноставно не ни оди од рака.

Ова колку што е добро, толку е и лошо, бидејќи не можеме секогаш да чувствуваме сто процентна среќа или пак сто процентна тага, секогаш се јавува нешто што ќе биде помеѓу, како еден пулс на човечкото срце. 


Наградете се

Секогаш кога ќе остварите некаков успех не заборавајте тоа да го прославите. Без разлика дали прославата ќе вклучи дружба со сите пријатели или тивка ноќ со омиленото чоколадо и омилениот филм, бидете слободни тоа да го направите.

На тој начин ќе имате мотивација за наредниот подвиг и ќе знаете дека напорната работа носи убави моменти.

Начинот на кој ќе го поминете вашето време на земјата зависи токму од вас самите. Вие ја имате моќта да промените сè она што не ви се допаѓа и да побегнете од сè она што ве загрозува.

Колку и да изгледа тешко и сурово секојдневието вие сте оние кои можете да го извлечете најдоброто од него.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 сигурни знаци дека сте соочени со емоционална блокада Емоционалната блокада може да направи да се чувствувате „заглавено“, па одново и...
Смешни и непрактични дизајни кои навистина постојат (фото) Автобуска постојка направена од стакло и „кич“ влечки кои повеќе личат на некакв...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
14 градови и области со уникатно урбанистичко планирање (фото) Венеција во Италија, кружно соседство во Копенхаген, гробишта во Париз – урбанис...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg