Најчудните работи кои луѓето ги заборавиле во хотелската соба

Секако воопшто нема да биде чудно да ја заборавите четката за заби или полначот за телефон во хотелот каде престојувавте за време на одморот, но да заборавите пони, е тоа е веќе нешто.

najcudnite-raboti-koi-lugeto-gi-zaboravile-vo-hotelskata-soba-01.jpg

Навистина е нервозно кога ќе заборавите нешто во хотелската соба, но сепак најчесто тоа се предмети кои може да ги најдете во најблискиот супермаркет и штетата не е голема.

Добро, понекогаш штетата може да биде и малку поголема, на пример доколку го заборавите вашиот телефон или лаптоп. Но, дали некогаш би заборавиле нешто скапоцено како на пример дијамантска круна? Очигледно луѓето кои работат во хотелите низ светот го виделе токму тоа.

Британскиот синџир на хотели „Travelodge“ објавил листа на најчудните работи кои нивните посетители ги заборавиле во хотелите во текот на изминатата година.

Некои од предметите се навистина скапи (губење на куфер со чевли од познатиот бренд „Jimmy Choos“ е еднакво на срцев удар), а некои е едноставно незамисливо како може да се заборават.

Кој би можел да го заборави пони коњот кој го носи со себе?

Ова е листата на најинтересните заборавени предмети:

1. Тешта по име Џун.

Можеби заборавена не е вистинскиот збор, подобро би било на пример намерно оставена?


2.
„Centurion Card“

Позната и како „Црна картичка“ која ја доделува „American Express“ на имателите кои имаат платинумска картичка и воедно се едни од најбогатите луѓе на светот. Можете да ја замислите штетата доколку падне во погрешни раце?


3. Шетландско пони по име Пудинг

Па како можеле?


4. Дијамантска круна

Сигурни сме дека принцезата Кејт не би заборавила такво нешто.


5. Колекција од плишани мечиња вредна 7.000 долари.

7.000 мечиња од по 1 долар или 1 мече може да вреди толку многу?


6. Невестинско сари вредно 14.000 долари

Разбирливо, невестите имаат многу работи на кои треба да мислат.


7. Невестинска торта од 1,5 метри украсена со „Swarovski“ кристали

Добро, можеби биле на диета.


8. Куфер со со чевли од познатиот бренд „Jimmy Choo“

Срцев удар за секоја жена.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Особини на ментално силните личности, според Сигмунд Фројд Поминал голем дел од животот зборувајќи за лошите навики што ги избегнуваат мент...
Низ фотографии: Што се случувало и како изгледал светот пред 100 години? Автомобилите станувале подобри, фиксните телефони биле подостапни, а во Париз ја...
Одлики што им се заеднички на успешните луѓе, според психолози Покрај очигледната самодоверба, ако сакате да бидете успешни, важно е да презема...
„Едвај платив сметки, сега треба и есенски да го украсам домот за да бидам во тренд на Инстаграм?“ Украсувањето на домот за секоја сезона е хит на Инстаграм и поради ова многумина...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg