Зошто жирафите имаат долги вратови? 6 лесни прашања на кои сé уште не го знаеме одговорот
Знаеме дека науката нема одговори на сè, бидејќи постојат некои прашања на кои сé уште не им го знаеме одговорот.
Ова се 6 лесни прашања на кои не им го знаеме одговорот:
1. Како работи турбуленција?
Секој што летал со авион знае дека пилотот понекогаш кажува да ги заврземе нашите појаси поради турбуленции. Научниците се мачат да го дадат одговорот на ова прашање, а дури и Ајнштајн еднаш славно изјави: „Пред да умрам, се надевам дека некој ќе ја разјасни квантната физика за мене. Откако ќе умрам, се надевам дека Бог ќе ми ја објасни турбуленцијата“.
2. Зошто мачките предат?
Знаеме дека мачките не предат само кога се среќни, туку и во други ситуации. Исто така знаеме дека тие немаат орган за предење во грлото. Постои теорија дека тие би можеле да предат со стегање и дилатација на гркланот, но досега не е обезбеден никаков доказ што би ја потврдил оваа теорија. Потврдено е само дека мачките предат за да ја забрзаат регенерацијата на коските.
3. Зошто жирафите имаат долги вратови?
Не постои консензус за точните услови кои би предизвикале долги вратови кај жирафите. Една теорија вели дека жирафите ги развиле своите долги вратови поради парењето, но не постојат многу докази кои би ја поддржале оваа хипотеза. Друга теорија вели дека тие морале да ги развијат своите долги вратови поради долгите нозе, но повторно, оваа теорија не се базира на фактичките докази.
4. Зошто птиците мигрираат?
Знаеме дека птиците мигрираат на долги растојанија секоја година да ја избегнат студената зима. Но, не е познато како го прават тоа сите птици. Миграцијата на птиците и понатаму останува една од најмистериозните животински однесувања познати на науката.
5. Како ги чуваме и добиваме спомените?
Науката измина долг пат за да го разбере начинот на кој нашето тело функционира, но спомените се едни од најпознатите збунувачки проблеми на човечката анатомија. Научниците едноставно немаат идеја кои точно делови на мозокот се вклучени во чување на спомените, знаеме само дека многу делови од мозокот се вклучени во овој процес. Она што го знаеме за сигурно е дека тоа има некаква врска со неврони и нивните меѓусебни врски.
6. Што е сон?
Сонувањето е заедничко за сите нас. Може да се разликува во начинот на кој се случува, но сонот е дефинитивно заедничка карактеристика на нашиот мозок. Некои луѓе веруваат дека соновите се само случајни слики без одредена цел, додека другите веруваат дека тие имаат подлабоко значење. Некои теории сугерираат дека соништата се манифестација на работите за кои размислуваме во текот на денот, како и сексуални фантазии, иако многу современи научници не се согласуваат со тоа. Она со што сите се согласуваат е дека соништата се најверојатно симболика на нешто длабоко во нашата психа.
М. А. | Црнобело