Љубов посилна и од снежната бура

Џесика Рид И Џон Пајл после едногодишна врска сакале да ја овековечат својата љубов со брак и веднаш го нашле вистинското место за тоа. Желбата да ја овековечат нивната љубов од место каде ќе имаат совршен поглед на градот, кој и двајцата толку многу го сакаат, ги довела до пешачкиот мост.

ljubov-posilna-i-od-sneznata-bura-01.jpg

До тој момент работите биле во ред, 22-ри јануари изгледал како сосема добар датум и покрај најавите за снежни врнежи кои требало да започнат околу пладне. Одлучиле дека малку снег нема да им пречи да го кажат судбинското „Да“ околу 15 часот пред да почне вистинската снежна бура. Сепак никој не можел да претпостави каков исход ги очекува.

Утрото и двајцата сфатиле дека времето ќе биде лошо, но тоа воопшто не ги сменило нивните намери. Па така, идниот младоженец напишал објава на Фејсбук - „Мојата вереница и јас планиравме да се венчаме денес на пешачкиот мост, но се чини дека ќе врне снег. Има ли некој крзнена бунда која може да ја позајмиме? Ќе дојдеме и ќе ја земеме“.

По повеќе од 800 лајкови и речиси 200 коментари од луѓе кои ги нудат своите бунди, Џесика и Џон ги кажале своите завети во најголемата снежна бура која го прекрила градот од 2003-та година па наваму.

Каубојски чизми и елегантната бела бунда, свадбен подарок од 1920-те години на пар кој се венчал пред 50 години, биле одлични додатоци кои ја надополниле зимската идила.  

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...
Ситници во домот заради кои делувате како старомодна личност Далечински управувач во фолија, поткршени садови, старински прекривки... Заради ...
7 знаци дека сами на себеси си вршите булинг и како да си помогнете (низ илустрации) Најчесто се зборува за насилството што го трпиме од другите, а често не сме ниту...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
5 знаци дека некој ви се восхитува (а не се толку очигледни) Размислете малку наназад: Дали некогаш сте забележале некој потсвесно да ги зема...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg