Постои ли чудовиштето од Лох Нес?
Чудовиштето од Лох Нес се претпоставува дека се наоѓа во езерото Лох Нес во Шкотска. Слично е на другите езерски чудовишта во Шкотска и во светот, иако неговиот опис варира, сепак повеќето луѓе го опишуваат како големо.
Интересот и верувањето во постоењето на ова суштеството варирале откако за првпат во 1933-та година се пронајдени докази за неговото постоење. Овие докази биле спорни фотографии.
Голем дел од научната заедница го смета чудовиштето од Лох Нес за мит. Сепак, и покрај тоа, овој мит и понатаму останува еден од најпознатите туристички атракции.
Суштеството е познато под прекарот Неси (шкотско галски: Niseag) од 1940 година.
Терминот „чудовиште“ бил применет за првпат на 2-ри мај 1933-та година од страна на Алекс Кемпбел, доставувач на вода за Лох Нес и новинар. Во списание било објавено тврдењето на еден човек, Џорџ Спајсер, дека има видено чудовиште во езерото.
Оттогаш почнале да пристигнуваат многу анонимни писма во кои биле опишувани видувања на различни луѓе. Овие приказни за чудовишната риба, морската змија или змеј, достигнаа националната слава, а Неси го доби своето име - чудовиштето од Лох Нес.
Неси стана меѓународна медиумска ѕвезда, а го има достигнато и статусот на класичен феномен. Неси е опишуван во стотици весници и списанија, десетици книги, а се има појавено и во неколку филмови.
Често се појавува во реклами и е објект на пребарувања на езерото. Секоја година има нови видувања на Неси. Доколку се докаже дека постои, британецот Вилијам Хил ќе ги исплати пронаоѓачите со 1 милиони фунти. Само Шкотска секоја година заработува милиони фунти годишно поради Неси, кој е голема туристичка атракција.
И покрај многу веродостојни видувања, ниту едно живо чудовиште не било фатено во езерото после безброј обиди. Не се пронајдени ниту трупови кои би можеле да го докажат неговото постоење. Факт е и дека гигантските мрежи, подморници, подводни камери и хидролокатори од страна на екипи на набљудувачи не успеале да пронајдат цврсти докази за постоењето на чудовиштето од Лох Нес.
Неси и понатаму останува мистерија и кралица на сите езерски чудовишта.
М. А. | Црнобело