7 прашања преку кои подобро ќе се запознаете себеси
Не е тешко да се запознаете себеси, понекогаш е доволно само да си поставите неколку прашања за да го добиете одговорот.
Кој сум јас?
Кога сте во егзистенцијална криза, ова е едно прашање кое често ќе ви се врти низ главата. Учиме многу за нас самите преку нашите различни искуства во животот. Освен тоа, можеме да се свртиме кон интроспекција и да дознаеме што е тоа што навистина го сакаме.
Овие 7 прашања ќе ви помогнат да го пронајдете одговорот:
1. Што ви се допаѓа најмногу на вас?
Сите имаме една работа, можеби дури и повеќе работи кои ги сакаме кај себе. Тоа може да биде нешто физичко, нешто чудно, уникатно или некоја прилично честа појава.
2. Што најмалку ви се допаѓа на вас?
Исто како што имаме одредени работи кои ги сакаме кај себе, постојат нешта кои не ги сакаме, односно кои сакаме да ги промениме. Можеби тоа е нешто во врска со вашиот изглед или вашите социјални вештини, вашата мотивација. Кога знаете што не ви се допаѓа во врска со вас, можете да на различни начини да ги подобрите овие квалитети.
3. Доколку би добиле многу пари што би било првото што би го направиле?
Некои луѓе би ги донирале парите за добротворни цели, другите би ги штеделе, а некои луѓе веројатно би ги искористиле за патување. Ова ги открива вашите приоритети во животот.
4. Од што најмногу се плашите?
Работите од кои се плашите ве држат назад. Треба да се соочите со вашите стравови.
5. Каде се гледате себеси за 5 години?
Поставување на цели и планирање на иднина е важно. Но, не треба многу да се грижите за плановите. Имајте генерална цел за она што сакате да го постигнете во текот на следните 5 години.
6. На што сте најмногу горди?
Дали сте горди на вашата диплома, кариера или патот низ кој чекорите? Дали сте горди на фактот дека сте акумулирале многу пријатели во текот на сите овие години?
7. За што сте најмногу благодарни?
Важно е да се има голема благодарност во животот, а подеднакво е важно и да се изразува благодарноста.
М. А. | Црнобело