Постојат повеќе видови убавина: 3 причини зошто не смеете да го мразите својот изглед

Ние жените не можеме да поминеме ни еден ден без да се споредиме со друга жена. Гледаме како луѓето реагираат на стандардите на општеството и според тоа ја дефинираме убавината. Започнуваме да веруваме дека ако не изгледаме како што изгледаат конвенционално убавите жени, дека не сме убави. Мора да сфатиме дека сите сме убави на сопствен начин.

postojat-poveke-vidovi-ubavina-3-prichini-zoshto-ne-smeete-da-go-mrazite-svojot-izgled-01.jpg

А, ова се причините зошто не смеете да го мразите својот изглед:

1. Постојат повеќе видови убавина

Луѓето се различни – што значи, различно ја перципираат убавината. Само затоа што немате тело на модел тоа не значи дека немате убаво тело. Може да бидете слаби и убави, со просечна висина или да бидете убави со повеќе килограми.

Од една страна, девојките со вишок килограми посакуваат да се слаби како манекенки, додека манекенките посакуваат да имаат некој килограм повеќе. Мора да разберете дека и двата типа тела се убави на свој начин.


2. Сите имаме несигурности

Без разлика кои сте, што правите или како го правите тоа, факт е дека сите имаме несигурности, дури и таа совршената девојка која ја познавате. Верувајте, и таа има нешта кои не ги сака кај себеси и кои посакува да ги промени.

Некои жени се едноставно слаби и не можат да го променат тоа. Плус, голем дел од слабите девојки сакаат да го променат тоа кај себе, но едноставно никако не успеваат да се здебелат.

Да се биде слаба, без облини исто така не значи дека не сте убави. Едноставно потребно е поинаку да се доживувате себеси. Ако немате големи гради или задник, тоа не значи дека не можете да бидете секси. Тоа не значи дека личите на 12-годишно момче. Тоа само значи дека сте наменети да бидете слаби.


3. Убавината се крие во несовршеностите

Она што вие го мразите кај себеси веројатно им е симпатично на луѓето околу вас. Без разлика дали се работи за голем нос, мали усни или вишок салце на телото, несовршеностите се дел од вас и токму поради нив вие се двоите од остатокот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
Четири карактерни особини кои мажите прво ги забележуваат кај жените Со искрена насмевка и љубезност ќе го освоите секој маж. Освен физичкиот изглед,...
Психолошки трикови со кои ќе дознаете дека некој ве симпатизира, низ илустрации Ги имитира вашите движења, фрази, споделува лични детали... На кои ситници треба...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg