Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Празнична магија: Како да се создадете совршена атмосфера во домот?

Убавите мириси, романтичните декорации, црвената и зелената боја, вкусните пијалаци се дел од оние работи кои можат да ве внесат во празнично расположение и да создадат новогодишна атмосфера меѓу членовите од семејството.

praznichna-magija-kako-da-sozdadete-atmosfera-vo-domot-01.jpg

Ако сакате да создадете празнична атмосфера во домот, тогаш проследете ги овие неколку совети:

1. Убави мириси

Спомените честопати се врзуваат за мирисот, па затоа одберете мириси на цимет, портокал, ѓумбир... кои ќе го разбудат празничното расположение во вас. Мирисите се важни затоа што тие го одредуваат расположението – т.е. може да се чувствувате удобно или неудобно. Најдобриот начин како ваквите мириси да се шират во вашата куќа е да ги засукате ракавите и да се фрлите на работа во кујната – правете колачиња, пити, варено вино...


2. Романтични декорации

Најпрво тука мора да ги спомнеме перниците и ќебињата. Како може да се чувствувате празнично без нив? Просто е – не можете. Освен тоа, природните декорации како гранчиња бор, шишарки, суви листови, стапчиња цимет се одлична идеја. Плус, тие мирисаат прекрасно, па така ќе добиете прекрасна арома во домот.


3. Боите на празничниот период

Црвена, зелена, златна, сребрена и бела се боите на новогодишните празници. Почнувајќи од малите нешта, како свеќници, до поголемите нешта како декорации низ домот, оваа сезона обојте сѐ во празнично руво.


4. Вкусни пијалаци

Почнувајќи од варијациите на топло чоколадо, разни вкусови на кафиња (лате со зачини од тиква, на тебе мислиме!) секако дека тука спаѓаат и чајот и грееното вино. Празничните пијалаци можат да ве опуштат после напорен ден или едноставно да споделите убави моменти со саканата личност.


5. Празнична музика

Во овие мигови сигурно би посакале да слушнете некоја од празничните компилации на Бери Вајт, Мајкл Бубле, Френк Синатра... Постојат многу разни компилации кои сигурно ќе ве расположат и ќе ве натераат да играте. А, сигурно и ќе пеете „Let it snow, let it snow, let it snow“…

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нуркање со ајкули и уште 19 опасни туристички атракции за „зависници“ од адреналин Дали би се качиле на зиплајн? А, дали би нуркале затворени во кафез покрај ајкул...
Првата личност зачната со ин витро се родила во 1978 година – Зошто јавноста ги критикувала нејзинит... Луис Џои Браун, родена во 1978 година, е првата личност во светот која е зачната...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Нарачав вазна од TEMU, а добив слика - По 2 нарачки сфатив дека мора да го читам описот до крај Дали сте и вие „заразени“ со порачување производи на TEMU? Јас да, од првиот мом...
7 работи со кои модерните жени се „опседнати“, но нашите баби ги игнорирале Совршен маникир и педикир, безброј активности за децата, „вечен“ младешки изглед...
Никола Тесла, принцот Вилијам - Денес е ден на левучарите + зошто се овие луѓе посебни Официјалните податоци покажуваат дека меѓу 10 и 12% од светското население се ле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg