Игра на тронови, пица, преживување зомби апокалипса: Необични предавања во светот
Пица, зомби и Хари Потер, сигурно ви се омилените нешта на планетава, ако сте дел од милениумската генерација. Сега, замислете да можете да учите и да ги проучувате.
Погледнете какви предавања има на некои од најинтересните колеџи во Америка:
1. Пракса во Пица Хат на универзитетот Манчестер Метрополитен
Сега пицата освен омилена храна, може да ви биде и омилен предмет.
Универзитетот Манчестер Метрополитен неодамна најави партнерство со Пица Хат, нудејќи пракса која се фокусира на вештините поврзани со финансиска анализа и производство на храна од кои некои ученици ќе учат на универзитетот, а некои директно во Пица Хат.
Оваа програма е отворена за 1.500 студенти за време од 5 години.
2. Семинар за „Игра на тронови“ на универзитетот во Вирџинија
Вашата зависност од оваа серија сега можете да ја претворите во универзитетски кредити.
Универзитетот во Вирџинија нуди 4-неделен семинар кој го проучува серијалот книги и хит ТВ серијата.
На овој семинар имате можност да научите како вештините кои ги користиме за проучување на литературата, можат да бидат корисни за поврзување на книжевноста со телевизијата.
3. Курс „Queen bees, wannabes and Mean girls“ на колеџот во Колорадо
Ако напамет ги знаете сите реплики од култниот филм „Mean girls“ бидејќи ги гледате секогаш кога имате домашна, сега можете да го гледате како дел од вашата домашна бидејќи постои цел курс на колеџот во Колорадо посветен на овој епски филм.
Предавањата се фокусираат на разбирање како и зошто одредени девојки стануваат Реџина Џорџ типови и на што сè се подготвени за да го одржат таквиот статус преку примери од филмот.
4. Курс „Уметност на селфи фотографии“ на колеџот Сити Лит во Лондон
Сакате да ги подобрите вашите селфи способности? Сити Лит колеџот во Лондон го има совршеното предавање за тоа.
Но, овој курс е многу повеќе од сликање просечни селфи фотки со телефон. Тој навлегува во детали како да сликате професионални автопортрети, а за да можете да го слушате потребно ви е некаков вид фотографско искуство.
5. Предавање „Трошење време на интернет“ на универзитетот во Пенсилванија
Сега можете да добиете кредити на колеџ за тоа што го правите најдобро – поминување часови и часови на интернет.
Универзитетот во Пенсилванија нуди ново предавање кое има големи барања од студентите. За да го слушате ова предавање мора „да се ѕверите во екранот 3 часа и притоа да комуницирате само преку чет соби, социјални мрежи и форуми“ или барем така пишува во описот.
Исто така оттргнување на вниманието, мултитаскинг и бесцелно талкање со мислите е задолжително.
6. Курс „Преживување на зомби апокалипсата: Катастрофи и човечко однесување“ на универзитетот Мичиген Стејт
Одење на предавање рано наутро прави да се чувствуваме како вистински зомби. Па, на универзитетот Мичиген Стејт може да слушате предавање за вистински зомби и да научите како да се справите со предизвиците на апокалипсата.
7-неделниот летен курс вклучува симулација каде сте поделени во групи и имате задача да откриете како да ја преживеете зомби апокалипсата.
7. Предавање „Хари Потер: Литературна традиција и поп култура“ на колеџот Отис
Ова предавање вклучува многу повеќе од само читање за најпознатиот магионичар. Прво ќе ви биде доделена куќа од Хогвартс, потоа ќе ја анализирате книгата копајќи како и зошто Хари Потер е дело кое вреди да се прочита.
С. С. | Црнобело