7 едноставни производи кои ги направија нивните создавачи милионери

Постојат многу едноставни и навидум очигледни пронајдоци. Овие едноставни нешта на нивните создавачи им донеле милиони долари и ги направиле неверојатно богати. 

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-01

Понекогаш сепак, не ни е баш јасно за што служат некои работи или зошто всушност се создадени.

Прочитајте нешто повеќе за едноставните, понекогаш и баналните производи кои ги направиле нивните создавачи успешни милионери:

1. Смајли

Американскиот уметник Харви Бол ја измислил сликата на смешко, популарно наречен смајли во 1963 година. Тој добил само 45 долари за правата на користењето.

Потоа, двајцата браќа, Бернард и Мареј Спејн, сфатиле дека овој производ содржи голем маркетингшки потенцијал. Тие успеале да заработат 50 милиони долари за продажба на смајлито како лиценцирана слика.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-02


2. 
Спирала

Ова е една од најпознатите детски играчки во светот. Нејзиниот создавач е Ричард Џејмс. Благодарение на спиралата Џејмс и неговото семејство добиле околу 250 милиони долари.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-03


3. 
Луди сламки

Некој еднаш добил идеја како да ги натера децата да пијат сок или млеко наместо газирани пијалоци. Резултатот на оваа идеја се „лудите“ сламки. Тие се многу популарни во целиот свет.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-04


4. 
Перница/играчка

Децата отсекогаш сакале кадифени мечиња и меки играчки. Џенифер Телфер еднаш забележала дека нејзиниот син сакал да ги користи овие играчки како перница. На тој начин ги создала перниците кои изгледаат како играчки.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-05


5. 
Хулахоп

Друга играчка која се стекнала со неверојатна популарност во краток временски период е хулахопот. Вкупно 100 милиони од нив се продаваат низ целиот свет.

Идејата за оваа играчка се развила кога некој ги има видено децата како се играат со карики од бамбус. Тие го замениле бамбусот со пластика и на тој начин е создаден хулахопот.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-06


6. 
Ханзапласт

Ханзапластот може да се најде во приборот за прва помош во секое домаќинство. Тој е еден од наједноставните средства за укажување прва помош.

Ханзапластот е измислен во 1920 година од страна на истражувач кој работел за компанијата Џонсон и Џонсон, откако неговата жена се исекла подготвувајќи храна.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-07


7. 
Лепливи стикери

Парче хартија со лепак кое може лесно да се залепи за разни предмети... Идејата за тоа се појавила случајно. Спенсер Силвер развивал нов тип на ултра-силен лепак. Тој со овој изум добил 1 милијарда долари.

7-ednostavni-proizvodi-koi-gi-napravija-nivnite-sozdavaci-milioneri-08

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Однесувања кои покажуваат дека некој не е паметен колку што мисли дека е „Наместо да истакнат некоја поента во дебата, почнуваат да те навредуваат“. „...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Строги правила што треба да ги следат гостите на Мет гала Телефоните се строго забранети, а гостите не смеат да ја одбијат поканата – во с...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
Викторија и Дејвид се шегуваат на своја сметка – Најдобрите реклами за Super Bowl 2024 (видео) Викторија и Дејвид Бекам се шегуваат на своја сметка со реклама инспирирана од в...
4 негативни особини кои луѓето всушност ги сакаат кај вас Вашата трапавост за некого е симпатична - кои други особини кои генерално се сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg