Луѓе споделуваат приказни за брутални неверства (што ги искусиле на своја кожа)

„Имав дечко кој ме изневери два дена пред мојот роденден. Беше на кајакарење и спиел со двете инструкторки во ист ден“.

lugje-spodeluvaat-prikazni-za-brutalni-neverstva-shto-gi-iskusile-na-svoja-kozha-01.jpg

Неверството е едно од најлошите нешта што може да ви ги направи партнерот и, нормално, неретко го означува и крајот на бракот или врската.

Повеќето ќе се согласат дека не постои оправдано неверство.

Но, дефинитивно постојат неверства кои се граничат со суровост поради начинот на којшто се изведени.

На Редит, неколку луѓе ги споделуваат најбруталните неверства кои ги искусиле на своја кожа или на кои сведочеле:

„Еден познаник имаше сопруга која го изневеруваше со неговиот братучед. И братучед му беше во брак.

Откако познаникот дозна, ги собра сите на вечера – сопругата, како и братучед му со неговата сопруга. По некое време, ја погледнал сопругата во очи и ѝ рекол: ’Знам дека спиеш со него‘.

Нормално, сите се разведоа, а неговата сопруга ја прекина и аферата“.

„Мајката на мој пријател со години беше во врска со маж, а подоцна и се свршија. Мажот беше директор на фирма и секоја недела одеше на деловно патување.

Еднаш мажот доживеа инфаркт додека беше на патување и мајката на другар ми отиде во болница да го посети. И, таму ги здогледа неговата сопруга и неговите деца.

Излезе дека мажот водел двоен живот – кога одел на ’патување‘, всушност одел кај сопругата и децата“.

lugje-spodeluvaat-prikazni-za-brutalni-neverstva-shto-gi-iskusile-na-svoja-kozha-02.jpg

„Со бившата бевме во врска четири години и заедно се грижевме за нејзиното дете од друг маж. Но, таа цело време спиела со другиот маж, односно бивишиот.

Пред да дознаам, ја побарав за жена и таа прифати. Но, по некое време, едноставно ми рече да си заминам од дома или ќе повика полиција и ќе им каже дека сум упаднал во домот.

Сега бившата е со таткото на нејзиното дете, а јас уште не можам да се помирам со целата ситуација“.

„Имав дечко кој ме изневери два дена пред мојот роденден. Беше на кајакарење и спиел со двете инструкторки, во истиот ден“.

lugje-spodeluvaat-prikazni-za-brutalni-neverstva-shto-gi-iskusile-na-svoja-kozha-03.jpg

„Бившиот дечко, со кого бев во врска седум години, спиеше со друга додека јас се збогував со моето куче кое умираше и додека ја посетував мајка ми во болница.

Исто така, таа недела имав и испити, а ми се расипа и автомобилот.

А, девојката со која ме изневери ми беше пријателка која требаше да се венча за еден месец. Ме молеше да не му кажам на нејзиниот свршеник, но му кажав“.

„Војник сум и еднаш се вратив дома за годишнината со бившата сопруга и ја однесов во Лас Вегас. Отидовме во казино, бевме на концерт, отидовме на убава вечера… Не штедев за вечерта.

Потоа, во собата сопругата заспа бидејќи испи повеќе алкохол, а на телефонот постојано ѝ стигаа пораки од број кој не беше зачуван.

Кога ги разгледав пораките, видов романтични пораки и секси фотографии од неа и некој маж – си пишувале целата вечер.

Продолжив да истражувам и открив дека имала афери со девет различни луѓе – и мажи и жени – додека не бев дома“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg