Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога торта со ужасна декорација ќе ви го разубави денот

Лиса Олдрич од Мичиген влегла во продавница по роденденска торта на која побарала од вработените да ја декорираат и на неа да биде напишано: „Среќен роденден Менди“.

kako-mozete-nekoe-lice-so-autizam-da-go-napravite-posrekjen-covek-01.jpg

Кога ја отворила кутијата била прилично изненадена - не го добила тоа што го очекувала, туку декорација која изгледала многу лошо. Сепак, тоа не било причина да се изнервира и разочара, туку силно се насмеала.

На касата, вработените и се извиниле и понудиле да ја заменат тортата, но одбила. „Не ми значеше тоа што изгледаше толку лошо“ – објаснува таа.

По разговорот со менаџерот на продавницата, открила што навистина се случило: „Една од одговорните жени ме допре за рамо и ми кажа дека девојката која го напишала ова имала аутизам“.

„Ти благодариме што се насмеа - не треба да пишува на тортите, но веројатно вие и го направивте денот поубав“ – добила искрена благодарност од една од одговорните во продавницата.

 

 
data-width="500">

Picked out a cake at Meijer. Asked bakery-looking-employee if she could write on it for me. She said she would, and...

Posted by Lisa Sarber Aldrich on Sunday, November 29, 2015

 

„Бидете фини. Не ми се верува колку Бог е неверојатен и како ја употребува оваа приказна за да благослови многу луѓе. Претпоставувам дека поуката од оваа ситуација е дека треба да бидете добри со секого“ – објаснува Лиса.

Нејзината објава е споделена повеќе од 149.000 пати, а Лиса добила и илјадници позитивни пораки и благодарност од луѓе со аутизам.

Би можело да ве интересира:

Си легнуваш гладен и уште 9 работи што ги разбираат само оние кои живееле во сиромаштија „Сиромаштијата значи постојано планирање за следниот оброк, за следната сметка, ...
13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Стрии, царски рез, белези – Како луѓето ги прекриваат несовршеностите со тетоважи? Како изгледа кога лузните од царскиот рез, стриите на нозете или лузните од изго...
5 ситуации во кои не треба да ја игнорирате интуицијата Ако нешто ви вели дека сте во опасност, дури и ако сметате дека се наоѓате во бе...
Фото-докази дека Турција е земја полна со изненадувања Во Турција се пие ајран со секој оброк, а на пазар наместо семки, можете да купи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg