Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Напишете убаво писмо

napishete-ubavo-pismo-povekjeПраќањето на писмо во кое некому се заблагодарувате за нешто е навистина убав гест, независно дали станува збор за приватни или бизнис цели.

 

Најсоодветни ситуации во кои треба да пратите писмо за благодарност се:napishete-ubavo-pismo

  • Кога ќе добиете подарок
  • Кога некој ќе направи нешто добро за вас

Во идеални околности, писмото треба да биде напишано на хартија, а не пратено по е-маил затоа што на тој начин ќе оставите впечаток дека навистина го мислите тоа што сте го напишале.

Кога станува збор за ваков тип на писмо, не деловно писмо, тогаш препорачливо е да не користите строга структура при неговото пишување.

Секогаш треба вашата адреса и датум да ги ставите во горниот агол на писмото.

Обратете му се на примачот со “Драг [Име],” и веднаш започнете со заблагодарувањето за тоа што тој го направил за вас, добиениот подарок, направената услуга, покажаната добрина.

Во втората реченица или параграф образложете како вие се чувствувате во однос на тоа за што се заблагодарувате.

Некои луѓе, во ваквите писма сакаат да споделат некои новости, особено доколку долго време не биле во контакт со примачот. Но, одредени експерти за етика сметаат дека ова е несоодветно и дека треба праќачот да се фокусира на заблагодарувањето.

Во последната реченица секогаш напишете колку се радувате на следната средба или разговор со примачот и уште еднаш нагласете ја целта на писмото.

Во секој случај што и да напишете и како и да го напишете, сè додека тоа е искрено и од срце, останатото не е важно.

Би можело да ве интересира:

„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Вени во форма на круг и уште 9 уникатни генетски карактеристики – доказ дека човечкото тело е чудо „На усните ми недостасува пигментација“, „Повремено ми се појавува црвен бе...
Токсичен гас во воздухот, пестициди во водите: Најголемите еколошки катастрофи во историјата Како последица на хаварија на фабрика за пестициди од Индија, биле повреден поло...
12 фото-докази дека може многу да се разочарате кога ќе порачате нешто онлајн „Порачав кутија за нужда за мојата мачка - ми испратија пластична кукла во делов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg