Токсичен гас во воздухот, пестициди во водите: Најголемите еколошки катастрофи во историјата
Како последица на хаварија на фабрика за пестициди од Индија, биле повреден половина милион луѓе, а над 10.000 починале од отровните материи кои се ослободиле во воздухот.
Еколошките катастрофи се најголемата штета што можеме да ја предизвикаме и неретко засегаат илјадници, па и милиони луѓе.
Случајот со Крива Река кај нас не е единствен ваков во светот и низ годините, се чини секоја земја се соочила со некаква еколошка катастрофа.
Дел од најголемите во продолжение:
Катастрофата во Бопал, Индија
Хаваријата во индискиот град Бопал важи за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.
Се случила ноќта помеѓу 2 и 3 декември 1984 година, кога се јавил технички проблем во фабрика за пестициди.
Од фабриката, во воздухот се ослободило огромно количество од гасот метил изоцијанат кој е токсичен и запалив.
Доколку овој гас се вдише, нема противотров, а може да предизвика проблеми со белите дробови, вклучувајќи пневмонија и смрт.
Од катастрофата во Бопал се проценува дека биле повредени половина милион луѓе.
Кратко по хаваријата починале околу 2.000 луѓе, додека подоцна, од последиците од гасот, починале уште најмалку 10.000.
Катастрофата на нафтената платформа Deepwater Horizon
Нафтената платформа Deepwater Horizon се наоѓаше во Мексиканскиот залив, кога во 2010 предизвика протекување огромно количество нафта во океанот.
Поради занемарување на безбедносните протоколи, настанал проблем со дупчалките на платформата, па во океанот биле ослободени 780.000 метри кубни нафта.
Ова е најголемото протекување на нафта во океан во историјата на нафтената индустрија.
По неколку неуспешни обиди да се контролира протекувањето, бунарот бил затворен. Сепак, некои се сомневаат дека од него уште протекува нафта во океанот.
Катастрофата предизвика огромна штета – на многу плажи имаше остатоци од нафта, а огромен број морски суштества загинаа.
Покрај уништувањето на живиот свет, засегнати беа и многу луѓе од таа област кои зависат од риболов.
На самата платформа, пак, имаше 11 загинати и 17 повредени.
Катастрофата Love Canal во САД
Love Canal е област во државата Њујорк каде во 1940-тите и 1950-тите била направена депонија во која се фрлало големо количество токсичен отпад.
Депонијата била под земја, односно во канал, кој подоцна бил покриен.
Набрзо потоа на околното земјиште почнале да се продаваат плацови, да се градат куќи и областа се претворила во населено место, без жителите да знаат за депонијата.
Но, во втората половина на 1970-тите, жителите почнале да се жалат на чуден мирис, чудни супстанци по земјата, па дури и хемиски изгореници од најобични вирови.
Малите деца често се разболувале, многу деца почнале да се раѓаат со деформитети, а многу жени имале и спонтани абортуси.
Кога локален новинар почнал да известува за проблемите и инсистирал да се започне истрага, локалците дознале за депонијата.
Над 800 семејства биле евакуирани, а целата област била затворена.
Фирмата која ја направила депонијата платила стотици милиони долари за оштета и чистење на областа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





