Токсичен гас во воздухот, пестициди во водите: Најголемите еколошки катастрофи во историјата
Катастрофата во Севесо, Италија
На 10-ти јули 1976 година, во близина на Милано, се случила еколошка катастрофа предизвикана од фабрика за хемикалии.
Од фабриката имало протекување на токсичен гас кој може да предизвика рак, проблеми со развојот и репродуктивниот систем и да има негативно влијание врз хормоните и имунитетот.
Најпогодено било гратчето Севесо, кое се наоѓа на 20 километри од Милано, но засегнати биле уште неколку околни гратчиња.
Не е познато колку точно луѓе настрадале, но бил забележан зголемен број на случаи со болести предизвикани од гасот.
Почесто се јавувале случаи на неколку видови рак, додека кај маките биле забележани зачестени проблеми со плодност.
Хаваријата во Базел, Швајцарија
Во 1986 година, во склад за хемикалии на компанијата Sandoz лоциран во близина на Базел, Швајцарија, избувнал пожар.
Согорувањето на токсичните материи го загадило воздухот, а била загадена и реката Рајна која од хемикалиите станала црвена.
Пoради ова, биле убиени огромен број животни и риби, вклучувајќи и голем дел од популацијата на јагули во реката.
Ловењето риба и пиењето вода од реката Рајна беше забрането во неколку земји.
Ова е една од најголемите еколошки катастрофи во Европа и беше причина за зајакнување на стандардите протоколите за безбедност.
Несреќата со воз во Охајо, САД
Една од поновите големи еколошки катастрофи се случи во 2023 година.
Во американската држава Охајо, од шините излета товарен воз кој носел токсични и опасни материи.
Настанал и пожар, поради што во воздухот се ослободиле токсични гасови, како водород хлорид.
Биле евакуирани луѓе кои живееле во радиус од скоро два километра, а подоцна беа отстранети околу 160.000 тони загадена почва, како и 150.000 метри кубни загадена вода.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





