Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 сурови вистини кои секоја зрела жена треба да ги прифати

Жените кои сакаат да пораснат и созреат мораат да прифатат одредени вистини во животот, кои не се ни малку пријатни.

5-surovi-vistini-koi-sekoja-zrela-zena-treba-da-gi-prifati-01.jpg

Ова се 5-те главни:

1. Во вас се крие добра и лоша девојка

Прифатете го тоа. Добрата девојка чека да биде повикана. Таа го прифаќа „не“ како одговор. Не сака да пречи на никој. Во себе носи пристојност и зрелост, дури и кога тоа не и оди во корист. Лошата девојка пак, мисли исклучиво на себе, не дозволува секој нешто да и каже. Се осудува да направи сè и нема влакна на јазикот.

Секоја жена во себе ја има и едната и другата девојка, но искуството покажало дека лошата почесто донесува правилни одлуки. Затоа, понекогаш препуштете се на нејзиниот последен збор.


2. Немојте да си дозволите да им судите на другите

Сигурно понекогаш сте се нашле во ситуација да искоментирате некоја друга жена и тоа со зборовите „како можела да си го дозволи ова...“ Бидете внимателни со овие зборови затоа што пред да се свртите, може да се најдете во истата ситуација.


3. Неизвесноста е дел од животот

Разбираме дека понекогаш сакате да знаете каков краен резултат ќе има дадената ситуација, затоа што во природата на човекот е тешко да ја поднесува неизвесноста. Сепак, престанете да се борите против неа затоа што животот изобилува со неизвесни и неочекувани ситуации. Не можете сè да имате под контрола. И кога тоа ќе го прифатите, животот ќе ви биде многу полесен.


4. Родителите нема секогаш да бидат покрај вас

Ако сè биде онака како што би требало да е, треба спокојно да го дочекате нивното заминување. Кога и да се случи, ќе ве погоди силно. Но, тоа е само уште една непријатна вистина со која мора да се помирите.


5. Збогувањето понекогаш е неопходно

Доаѓа време кога едноставно морате да пуштите некои луѓе да си заминат од вашиот живот. Да, тоа е тажно затоа што сте се навикнале на нив, но пријателките од раното детство, бившиот вереник, „тешката“ пријателка... сите тие луѓе имаат одреден број епизоди во вашиот живот и прифатете го тоа што поскоро.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете личности кои глумат дека се работливи, а всушност се многу мрзеливи? Луѓето кои се преправаат дека се вредни, често го користат перфекциони...
13 трендови на однесување во Македонија и светот денес, кои се загрижувачки Нашите мозоци се преоптоварени од брзата и експлозивна видео содржина на интерне...
Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
9 работи кои префинетите жени никогаш нема да ги споделат на социјалните мрежи Лесно е да се вклучите во некоја расправија на социјалните мрежи или да споделит...
Донесете подарок, не доцнете и уште 7 правила кои ќе ве направат совршен гостин Посетата на нечиј дом бара почитување одреден бон-тон правила, со цел да оставит...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg