Како да звучите попаметно?

Сите сакаме да звучиме паметно, особено пред колегите и познаниците, но често немаме време да ги научиме сите дополнителни информации за да го постигнеме ова.

kako-da-zvucite-popametno-01.jpg

За среќа, постојат неколку начини кои можат да ви помогнат да звучите попаметно со минимални напори.

Дознајте ги популарните теми за дебатирање

Често луѓето сакаат да дебатираат за теми за кои не знаат многу. Најдобар пример за ова е глобалното затоплување. Поголемиот дел од луѓето кои зборуваат на оваа тема ќе ви кажат дека мораме да ги промениме нашите навики за да го спречувиме глобалното затоплување, но ретко кој ќе знае што е „антропогено глобално затоплување". Научете нешто од вистинските експерти за овие теми, обидете се да се сетите на имињата на некои од авторите, а можете и да ги цитирате.


Подобрете го вашиот вокабулар

Наједноставен начин да го направите ова е да запомнете како правилно се изговараат и пишуваат новите зборови или фрази.


Непознати теми

Доколку знаете многу работи поврзани со непознати теми, веројатно ретко кој ќе може да ви парира. На пример, доколку ги познавате египетските династии можете да бидете сигурни дека дури и луѓето кои се интересираат за Египет нема да ги знаат сите податоци од историјата или митологијата.


Општо знаење

Бидете запознаени со актуелните теми во државата и во светот. Ова можете лесно да го постигнете со секојдневно сурфање или читање на новости.


Поставувајте прашања

Најдобар начин за да го искористите овој трик е да поставувате на прашања кога веќе го знаете одговорот. Ова е особено добро ако вашиот соговорник не знае многу за темата за која зборува.


Гледајте филмови

Гледајте ги класичните филмови, било да се добри или лоши. Овие филмови не треба да бидат неми филмови, или во црна и бела боја, под поимот „класични“ се подразбираат филмови со добри приказни, критики и сл. Исто така, гледајте и некој лош филм. Ова е важно за да можете со факти да објасните зошто некој филм за вас е добар, односно лош.


Користете зборовите кои ги разбирате

Кога ги користите зборовите кои не ги разбирате можете само да изгледате неуки. Држете се до она што го знаете! Дури и ако ви е потребна дополнителна реченица за да го објасните концептот за кој зборувате.


Молчете

Мошне едноставно, што помалку зборувате, помали се шансите да кажете нешто погрешно. Доколку некој дебатира за тема која не ви е позната, мудро ќе биде да бидете тивки, да слушате и кимате со глава.

М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 психолошки трикови за полесно да ги разберете луѓето „Ако некој се лути заради глупости, тоа значи дека му е потребна љубов“. Прочита...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Двојни стандарди со кои се соочуваме и во 21-иот век, а не треба (низ илустрации) Едно ги учиме децата, а друго правиме... Ако татковците доцнат, сигурно за тоа и...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg