9 трикови со кои полесно ќе заспиете
Понекогаш се чувствувате уморно цел ден и се што сакате е да спиете, но кога ќе дојде време за тоа - лежите будни со часови.
Поради стрес, брз начин на живот и лоша исхрана, ова е чест проблем на многу луѓе, но, со овие трикови никогаш повеќе нема да имате проблеми со спиење.
1. Јадете храна со магнезиум. Магнезиумoт игра клучна улога во нашата способност да спиеме во текот на ноќта. Затоа, пред спиење јадете храна богата со магнезиум, како што се семки од тиква, спанаќ, блитва...
2. Одморете се кратко во текот на денот. Попладневен одмор од 10 до 30 минути е најдобра опција да се обезбеди добар сон. Но, не треба да претерувате, бидејќи доколку спиете долго време попладне можно е да се чувствувате уморно кога ќе се разбудите.
3. Користите ја вашата спална соба само за спиење и одмор. Вашата спална соба не треба да биде прмоногу ладна или топла. Идеална температура е помеѓу 15 и 23 целзиусови степени. Премногу топла соба води кон почести будења.
4. Истуширајте се со топла вода пред спиење. Ова може да ви помогне да се релаксирате, додека падот на температурата на телото предизвикува поспаност.
5. Обидете се да легнувате и да станувате во исто време секој ден, дури и за време на викендите. Неправилно спиење и будење може да доведе до проблеми со спиење.
6. Мирисот на лаванда е идеален лек за несоница. Запалете свеќи со мирис на ова цвеќе или етерични масла пред спиење.
7. Исклучете ги светлата. Светла емитирани од страна на повеќето електронски уреди можат да доведат до нарушување на сонот.
8. Испијте нешто топло. Не е медицински докажано дека една чаша топло млеко пред спиење помага, но топла чаша млеко, чај или топло чоколадо сигурно не може да ви наштети.
М. А. | Црнобело