Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Верувај во моќта на фантазијата!

Можеби сметате дека фантазијата е само за мали деца, но таа е многу повеќе од „едно малo дете кое си го врзува ќебeто околу вратот и трча наоколу извикувајќи,  „Јас сум Супермен!“ Тоа што детето во тебе инстинктивно го знае е дека фантазијата значи – засадување на семето на можностите во сопствената свест. Кога фантазираш не постојат граници; можеш да бидеш или да сториш сè што ќе замислиш!

veruvaj-vo-mokta-na-fantazijata-01.jpg

Затоа, таа е една од најзначајните нешта што можат да ја одредат твојата иднина! Ако тоа нешто што си го замислил не го гледаш, како ќе го исполниш? На пример, дури и пред компјутерите да станат потреба на современиот свет, некој си замислил свет каде што луѓето веднаш добивале електронска пошта! За сево ова, а и за многу други нешта можеме да и се заблагодариме на фантазијата!

Промени нешто…

Понекогаш е тешко да се сонува кога си оптоварен и свесен за тоа кој си ти всушност! Па, наместо да се обидуваш да се замислуваш во друга верзија, замисли се себеси сосем поинаков. Кој си ти? Каков стил поседуваш? Можеби во другиот свет ти си поп-ѕвезда, познат шампион или само обичен домаќин. Можеби сметаш дека е супер да се биде каубој, а ти, всушност, никогаш не си се ни качил на коњ? Па што?! Избери го најинтересниот живот и направи го тема на денот. Како, на пример, доколку избереш да бидеш агент за недвижности, прошетај низ соседството и обиди се да претпоставиш колку чини секоја куќа. Доколку допуштиш фантазијата да те однесе во вистинска забава, послободно ќе „влегуваш“ во секоја нова работа.

Излегувај сам…

Како поинаку ќе влезеш во светот на фантазијата? Излегувајќи на „креативни состаноци“. Едно попладне, во текот на викендот, излези без пари само за да прошеташ, набљудувајќи ги луѓето и необичните места што можат да ја поттикнат креативноста во тебе. Доколку во близина има музеј или уметничка галерија, посети ја. Ако се потрудиш да забележиш, ќе видиш дека насекаде околу тебе постои инспирација. Уживај во архитектурата на старите згради, „потслушни“ некој интересен разговор, набљудувај ги формите на облаците и разгледувај ги излозите. И доколку ти се допаднат некои интересни панталони, наместо да размислуваш од каде да најдеш пари за да ги купиш, запрашај се дали можеш да го нацрташ истиот модел и да најдеш некој да ти ги сошие?

Правејќи ги овие нешта, ќе се чувствуваш задоволен со себе. Со бујна фантазија никогаш нема да ти биде здодевно – кога ќе фантазираш, нови светови ќе се отвораат прeд тебе! И таквата моќ ќе те прави понезависен отколку што можеш да замислиш. Но, како и секоја „магија“, фантазијата дејствува само ако веруваш во неа! Затоа, замисли си што сè може фантазијата да стори за тебе!

М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уникатни работи од земјите ширум светот (а ги сакаме и кај нас) Јавни фрижидери во кои можете да оставите храна за некој друг, место за дезинфек...
Низ илустрации: Стереотипи за мажите и жените кои е време да ги заборавиме Сите жени сонуваат за брак, а секој маж сака да биде „вечен ерген“ – најчестите ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
Како изгледале овошјето и зеленчукот во минатото, пред да бидат култивирани? Знаевте ли дека во минатото бананите имале семки? Како изгледале другите овошја ...
Елитата во Холивуд пие крв, Џастин Бибер е рептил – Најлудите теории на заговор за славните Некои луѓе веруваат дека повеќето светски ѕвезди се клонови направени во лаборат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg