5 изгубени богатства кои никој не може да ги пронајде
Некои од најпознатите бесценети артефакти во светот се изгубиле во војната, а потоа беа заборавени или едноставно изгубени. Многу од овие артефакти се водат за исчезнати толку долго време што се трансформирале од богатство во легенда.
Ова се 5 најпознати богатства кои никој не може да ги пронајде.
Патентот на браќата Рајт
Овде се опишани во детали концептите на браќата Орвил и Вилбур Рајт за првата машина за летање. Истите беа украдени од страна на непозната личност без никој да забележи. До 2003 година никој не открил дека се исчезнати.
Градот Паитити
Многу легенди го опкружуваат изгубениот град Паитити. Се вели дека ова е местото каде што древните Инки, очајни да го сокријат своето богатство од Европејците, го чуваат нивното злато. Поради својата местоположба и релативна анонимност, градот постепено стана синоним за легендарниот Ел Дорадо.
Бисерите од круната на кралот Џон
Бисерите од круната на кралот Џон од Англија се сметаат за најимпресивен накит што постои. Тие се користат во церемонии на крунисувањето се чуваат под силно обезбедување во Лондонската кула. Бисерите биле заменети, украдени и уништени во неколку наврати.
Изгубениот Холанѓанец
Приказната за изгубениот Холанѓанецот и неговиот рудник од многумина се смета за ништо повеќе од бајка. Постојат и луѓе кои верувале толку многу во тоа што дури ги загубиле своите животи во потрага по неславното богатство.
Рудникот за злато е откриен во 1840 година во, соодветно наречените планини, Суеверие, во централна Аризона.
Едно семејството работело во рудникот и го испраќале златото назад во Мексико, се додека група на Апачи не ги убила. Само еден или двајца преживеале и избегале во Мексико.
Многу луѓе тврделе дека имаат мапи или ја знаат локацијата на рудникот, но на сите им се случила трагедија пред да го пронајдат златото.
Во 1870-тите, германски имигрант име Јаков „Холанѓанецот" Волц се обидел да го пронајде рудникот со помош на потомок на оригиналното семејство. Неговиот партнер наскоро бил убиен, или од страна на Апачите или од страна на самиот Волц. Рудникот се уште не е пронајден.
Мапите на атомската бомба
Две парчиња хартија биле создадени во јуни, 1945 година, на нив биле планови за координиран бомбашки напад врз Хирошима и Нагасаки. На хартиите биле прикажани фотографии од регионот со стратешки одбележани точки.
Никој не е сигурен кога исчезнале овие предмети. Исто така не е познато како крадецот ги пронашол документите и што направил со нив. Она што е познато е дека и аудио снимките од архивата биле украдени од страна на поранешен вработен кој планирал да ги продаде на eBay.
М. А. | Црнобело