За четирите годишни времиња... И за тебе!

za-cetirite-godisni-vreminja-i-za-tebe-01.jpg

Пролет е.

Сонцето создава

светлина во очите,

а дождовите

ми го будат срцето.

Ти ме освојуваш

со ведрина на ликот.

Ѕвездите шепотат за нас,

додека јас со потпетиците

ги галам плочниците

кои ги бројат

чекорите наши.

Боите на пролетта

насмевка на усните

ми предизвикуваат.


Лето е.

Капките од пот

се лизгаат по телото.

Сушата граба

сè пред себе,

очајно очекуваш

капка вода.

Капката ти ги допира усните.

Замислуваш дека

тоа сум јас.

А јас...

Некаде далеку сум.

Се трудам да заборавам.

Една пролетна бајка

оставена да умира

на јулскта пладневна жештина,

а беше толку нежно кревка.


Есен е.

Бурите не застануваат.

Плочниците плачливи жалат.

Одново ги чекаат

нашите чекори.

Ти и твојот чадор

се спротивставувате

на ветрот, маглата и студенилото.

Јас го вдишувам

мирисот на

штотуку испечените костени,

сокриена покрај

топлото огниште.

Без тебе.

Очекувам реинкарнација

на нашата љубов

и моја метаморфоза.

Ја очекувам другата во мене

да се разбуди,

да се заљуби.


Зима е.

Снегулките

безмилосно ги покриваат

последните златни ливчиња

кои останале од есента.

Ти ја прикриле трагата,

залудно те барам...

Сега знам дека уништивме нешто

во нас, нешто што беше

кревко и кршливо.

Студени северни ветришта

со огромна острина

ми го гребат лицето.

Ни капка крв.

Крвари само душата моја,

крвари и плаче...

За тебе.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
8 работи кои општеството ги претставува како нормални, а се штетни (ги правиме и во Македонија) Oд родители кои вршат преголем притисок децата да им бидат успешни во сè до пром...
Инсекти, леб: Што сè можете да купите во конзерва ширум светот? (фото) Би купиле ли хамбургер во конзерва, комплет со плескавица и лепче? Би купиле ...
Што предвидела баба Ванѓа за 2025-та (и дали се исполнија пророштвата за годинава)? Некои пророштва за годинава, како природните катастрофи, можеби се исполнија, но...
10-те најголеми трговски центри во светот – еден е во Истанбул Dubai Mall во Дубаи, но и Istanbul Cevahir во Истанбул - кои се најголемите моло...
8 мали навики со кои ги нервирате другите, а не сте свесни за тоа Дали некогаш сте влегле во соба, сте се поздравиле со некого и не сте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg