Вереничките фотографии на еден пар станаа вирални благодарение на нивното „откачено“ куче
Меган Дитерман и Крис Клуте одлучиле да ја искористат есента за да направат серија фотографии од веридбата, но воопшто не очекувале дека во нивните фотографии нема да бидат центар на фокусот.
Нивниот миленик Луи уживајќи во паднатите лисја непрестајно скокал и играл околу нив, па успеал на сите фотографии до последната да биде пред камерата и да го блокира погледот до парот.
„Меган и Крис ми објаснија дека Луи обожава да си игра со сувите лисја, но никој не претпоставуваше колкав ќе биде неговиот ентузијазам“ – вели фотографот Карин Бердал.
„Откривме дека ова не ниту прв, ниту последен пат кога Луи бил во центарот на фокусот“ – додава.
Пред самиот крај успеале да направат една заедничка фотографија, но само откако го држеле Луи во раце.