Приказна која ќе ви го стопли срцето: 95-годишен дедо на кафе во радио станица
Една локална радио станица во Лондон поканила постар човек на шолја топло кафе откако им се јавил да каже дека се чувствува осамено.
Алекс Дјук разговарал со 95-годишниот слушател на кого му недостасувала сопругата која била сместена во дом за стари лица, па решил да го покани заедно да уживаат во утринската шолја кафе.
Бил живее во Саутхемптон, а со неговата сопруга се земале минатата година.
„Се познаваме повеќе од 30 години и на неа и требаше некој кој ќе се грижи и ќе ја преземе улогата на негувател, но грижата прерасна во љубов и одлучивме да се венчаме“ – објаснил Бил.
„Падна и се повреди, па морав да ја одведам во болница и потоа дом за стари лица. Секојдневно ја посетувам“ – ја продолжува својата приказна.
Bill phoned BBC Radio Solent. He was upset, lonely and missing his wife.Alex decided to invite him in.We sent a cab to pick him up, have a listen to what happened next.
Posted by BBC Radio Solent on Wednesday, October 21, 2015