Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Научете да ги читате изразите на лицето: Како да ги препознаете емоциите кај луѓето?

Читањето на емоциите на луѓето е важен дел од комуникација, а со препознавање на изразите на лицето можеме да добиеме на увид како некој се чувствува.

naucete-da-gi-citate-izrazite-na-liceto-kako-da-gi-prepoznaete-emociite-kaj-lugjeto-01.jpg

Чарлс Дарвин прв сугерирал дека изразите на лицето поврзани со одредени емоции се универзални. Во 1960-та година спроведено е првото истражување кое покажало дека изразите на лицето со сигурност се поврзани со одредени емоционални состојби.

Истражувањата го потврдуваат фактот дека зениците на соговорникот се шират кога тој е заинтересиран за нас или за она што го зборуваме. Кога некој ве гледа додека зборувате со константен поглед, веројатно ве слуша со внимание и има позитивно мислење за она што го зборувате.

Од друга страна, ако на соговорникот му е здодевно тој ќе ја покаже својата здодевност преку држењето на телото. Кога луѓето не се заинтересирани тие имаат отсутен поглед, стануваат немирни  и главата ја наведнуваат на една страна. Лицата кои немаат доверба или се сомневаат во вас гледаат со широко отворени очи, а може и да си го допираат увото или да ја гребат брадата.

Кога луѓето лажат, ги издаваат нивните реакции. Тие обично прават малку движења на телото. Кога ги движат рацете и нозете, обично ги движат кон себе. Погледот не им отсутен, но избегнуваат контакт со очите. Често со рацете ги допираат устата или грлото. Она што веројатно никогаш нема да го направат е да ги допираат градите со отворена рака.

На отвореност укажува флексибилен, отворен став, отворена рака, доближување до соговорникот, насмевка, контакт со очи и одобрување со главата.

Нетрпеливост можеме да препознаеме кога соговорникот ги држи рацете и нозете прекрстени, ретко прави контакт со очите, има стегнати тупаница и усни и рамен тон на гласот. Нетрпеливоста често е попратена со тресење на нозете, гледање на часовникот и на предметите во околината.

Ентузијазам се рефлектира со насмевка, широко отворени очи, исправена положба на телото и експресивен и добро модулиран тон на гласот.

Сепак, не ги земајте работите здраво за готово. Еден гест може да има многу различни значења.

Да стигнете до правилен одговор, земете ги во предвид сите придружни сигнали. Треба да се интерпретираат сите гестови, а не само индивидуалните.

Покрај тоа, истражувањето покажува дека на невербалната комуникација и се верува повеќе од вербалната. Кога вербалното и невербалното не се поклопува, поголема е веројатноста дека ќе му верувате на говорот на телото.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 интересни работи што можете да ги видите само во Дубаи Климатизирани автобуски станици, напуштени луксузни автомобили, полупразни стока...
8 (помалку очигледни) знаци дека имате висока емоционална интелигенција Имате емпатија кон другите, прифаќате критики, сигурни сте во себе, но внимавате...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...
10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат) Рибарите кои ловат на отворено море и дрвосечачите кои работат со огромни дрвја ...
10 работи кои не треба да ги правите на аеродром пред патување (и зошто) Не пијте седативи пред летот (освен ако не ви се препишани од лекар), не претеру...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg