Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Свадба од 43 милиони долари - кинеската Ким Кардашијан знае што е луксуз (фото)

Една од најпознатите кинески актерки која е позната како Angelababy стапила во брак со актерот Huang Xiaoming, а за самата церемонија потрошиле неверојатни 43 милиони долари.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-01.jpg

Невестата е уште попозната како кинеската Ким Кардашијан според бројот на луѓе кои ја следат на кинескиот Инстаграм - Weibo како и по екстравагантното однесување. Овојпат екстравагантното однесување беше прикажано и низ нејзината вртоглаво скапа венчавка.

Луксузот на нивната венчавка може да се огледа во сите „мали“ детали.

Самата церемонија се одвивала во центарот Shanghai Exhibition – простор со големина од 18.580m2 каде биле сместени нивните 2.000 најблиски пријатели и роднини.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-2.jpg

Просторот бил декориран во розови и виолетови нијанси кои го трансформираат во романтична бајка како од филмовите. Меѓу деталите кои биле вклучени во изгледот на просторот се големиот ѕид направен од цветови за фотографирање и масивниот холограм од дворец.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-5.jpg

Angelababy служи како модна инспирација за голем број на девојки во Кина, па за својата свадба се одлучила за Dior.

Свадбената торта била на 10 спратови, а само за бурмите потрошиле по 3.000.000 долари.

kineskata-kim-kardashijan-potroshi-43-milioni-dolari-za-svojata-svadba-4.jpg

До крајот на вечерта таа променила уште два фустани.

Би можело да ве интересира:

Поминала 6 часа на -20˚C и замрзнала, но била спасена: Како преживеала Џин Хилијард од Минесота? Во 1980-та, Џин Хилијард од Минесота замрзнала „како коцка мраз“ откако поминала...
Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
10 возрасни кои со фиксна протеза добија нова насмевка, па не можат да престанат да се смеат „Денес ја извадив протезата. Пред да ја ставам имав и 2 операции за корекција на...
Малата Натали е хит на ТикТок со нејзиното маче – заедно јадат, спијат и си играат (видео) Животните и децата имаат нераскинлива врска, а доказ за тоа се Натали и нејзинот...
Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg