5 навики од кои треба да се откажете за да ја пронајдете среќата
Кога ќе ве прашаат што може да ве направи повеќе среќни, што ќе одговорите? Пари, поголема куќа, поголем град? Не е среќата во тие работи, среќата можете да ја пронајдете во себеси.
Секогаш да бидете во право
Како млади сите се плашиме да не бидеме мета на потсмев, па правиме сè само да излезе дека ние сме во право, дури и кога не сме. Но, мора да сфатите дека не е толку страшно ако изгледате смешно во некој момент и навистина не е важно секогаш да бидете во право.
Потребата да контролирате сè
Во крвта ни е да контролираме и во одредена мера тоа е нормално. Но, понекогаш ние знаеме да ги пречекориме границите на нормалата, па ги контролираме семејството, вработените, пријателите.
Добро е да можете да влијаете на работите но не претерувајте. Некогаш најдобриот начин е да дозволите некои нешта сами да функционираат.
Потребата да обвинувате
Ова е нешто слично како она секогаш да сте во право. Сите грешиме и тоа мора да го признаеме.
Признајте си ги вашите грешки и продолжете понатаму . Повеќе ќе ги импресионирате другите ако ги признаете своите несовршености отколку некој друг да обвините.
Потребата да се жалите
Кога нешто ве мачи нормално дека треба да кажете што ве загрижува, но ако се жалите без да преземете нешто, тоа е бесполезно изгубено време. Само се полните со негативна енергија, а тоа ги прави работите полоши од она што навистина се.
Кажете си ги маките, но засукајте ги ракавите и започнете да работите на проблемот.
Потреба да етикетирате некого
Расна, полова, сексуална секаква етикета. Луѓето сакаат да припаѓаат некаде, за да можат да ги покажат тривијалните разлики на другиот. Кога ќе се ослободите од шаблоните ќе видите дека секој од нас чувствува приближно исти чувства. Сите го чувствуваме светот на ист начин.