Наместо момчето кое го барала на Фејсбук, одговорила неговата девојка
Пипа МекКини ја замолила Фејсбук заедницата да ѝ помогне да го пронајде момчето со кое цела вечер биле заедно, а погрешно го запишала неговиот број. Приказната добива интересен пресврт.
На својот профил приложила заедничка фотографија и во обид да го пронајде мистериозното момче, ги замолила своите пријатели да ја споделат.
Многу бргу станува вирaлна – лајкувана повеќе од 15.000 пати и со речиси 3.000 коментари.
Фотката ја видела една од другарките (Bethany Herbert) на девојката на момчето која ја тагнала Емили - девојката на Мет. Пипа ја погледнала нејзината слика и бргу сфатила дека тоа е девојката на Мет.
Откако целиот свет дозна дека Мет ја изневерувал својата девојка, решил да се обиде да си ја одбрани честа со коментар на својот профил:
Се чини дека ќе остане и без двете девојки...